Хороскоп од една реченица: Мантра за посреќна 2018-та за секој знак


Хороскоп од една реченица: Мантра за посреќна 2018-та за секој знак

Новата година, традиционално, нè тера да размислуваме во нови правци – како да си го направиме животот посреќен, побогат, поздрав?

horoskop-vo-edna-recenica-mantra-za-posrekna-2018ta-za-sekoj-znak-1.jpg

Секој хороскопски знак си има нешто посебно што го мотивира, па според тоа, за секој има посебна мантра која има моќ да му ја разубави 2018-та.

Пронајдете ја вашата по која треба да живеете оваа година:

Овен

„Не морам да го пропатувам половина свет за да доживеам авантура - постојано сум опкружен/а со прекрасни чуда.“

Бик

„Во ниту еден случај не можам да ги контролирам емоциите, чувствата или постапките на другите, но апсолутно можам да ја контролирам секоја работа која јас ја правам и секој избор кој јас го правам.“

Близнаци

„Во моментот кога ќе престанам да се преправам дека сум некој друг, е моментот кога ќе се ослободам и ќе станам личноста која отсекогаш требаше да бидам.“

Рак

„Животот секогаш ќе биде полесен и посреќен кога ќе одберам да ја пуштам лутината и сите незадоволства кои не прават ништо, освен што ме влечат надолу.“

Лав

„Можам многу да научам од луѓето околу мене, отколку од самиот себе – само затоа што другите размислуваат поинаку од мене, или имаат идеја која се разликува од мојата, не значи дека грешат – и двајцата можеме да бидеме во право.“

Девица

„Не е моја задача да се грижам за сите работи кои може да тргнат наопаку или да се опседнувам со ситниците кои ме прават несовршен/а – единствена задача ми е да бидам личноста која што сум и да целам кон тоа да станувам сè подобар човек, ден по ден.“

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскоп во една реченица: Што да очекувате од 2018-та година? 2018-та година на некого ќе му донесе радост и убави моменти, на друг успех на п...
Годишен хороскоп за 2018-та - Вага Во оваа година мора да обрнете повеќе внимание на здравјето, додека не е доцна. ...
Која е вашата слаба точка? Овните се плашат од осаменост, Рибите - од ... Секој си има своја слаба страна, своја слаба точка која ако некој успее да ја до...