Колку часа сон му се потребни на секој хороскопски знак?

Вага

Седум и пол часа.

Животот на Вагите се сведува на рамнотежа, а таа важи и задолжителниот сон за убавина и здравје. Ним не им е тешко да заспијат.

Меѓутоа, честопати не ги добиваат идеалните осум часа, бидејќи нивниот активен социјален живот подразбира доцни прибирања дома. Ама, затоа си обезбедуваат минимум седум и пол часа, кога и да се во можност.

kolku-chasa-son-mu-se-potrebni-na-sekoj-horoskopski-znak-5.jpg

Скорпија

Луксузни десет часа.

Што и да прават, Скорпиите го прават интензивно. Дури ни сонот не е исклучок. Тие обожаваат долго да спијат, затоа што знаат дека одморот ќе им ги наполни батериите за следниот ден.

Поточно, за сите страствени активности со кои ќе се занимаваат на јаве.

Стрелец

Зависи од временската зона.

Како светски патници со потполно исполнет календар, Стрелците никогаш не се докрај сигурни ни колку е часот во земјата каде моментално се наоѓаат, а камоли колку часа спиење им се потребни.

Овој знак се води од помислата дека животот е прекраток за соништа. Попрво би се забавувал, имал авантура, или, пак, запознал нови луѓе, одошто да спие.

Сепак, ниту тие нема да му одолеат на комфорниот кревет во хотелската соба.

kolku-chasa-son-mu-se-potrebni-na-sekoj-horoskopski-znak-6.jpg

Јарец

Полни осум часа.

Секој ден е нова прилика за исполнување на некоја неостварена цел. А, сите Јарци мошне добро знаат дека успешните луѓе се и добро наспани луѓе.

Бидејќи се личности кои секогаш мора негде да одат или нешто да сторат, сосема јасно е зошто е така. Па, тие се држат до оптималните осум часа, коишто се препорачани од страна на експертите.

Водолија

Пет, седум, осум, девет. Кој ли да ги знае?

Водењето сметка за проспиените часови е последениот начин на кој тие би сакале да си го изгубат своето драгоцено време.

Со немирниот дух и талкачкиот ум, Водолиите во постела заминуваат само кога се исклучително уморни, а се дигаат од креветот во истиот момент кога ќе ги отворат очите. Сè друго за нив е бесмислено.

kolku-chasa-son-mu-se-potrebni-na-sekoj-horoskopski-znak-7.jpg

Риби

Минимум девет часа.

Нивната неверојатна интуиција и шесто сетило се извонреден дар за Рибите. Но, тоа прилично и ги заморува.

Секојдневно трошат премногу ментална и емоционална енергија во комуникацијата со другите луѓе. А, згора на сè, за нив е важно и да го негуваат својот уметнички дух.

Кутрите се комплетно исцрпени, па деветте часа спиење им се единствениот начин да се вратат во нормала и бидат целосни и наредниот ден.

 М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg