5 хороскопски знаци кои воопшто не знаат да штедат (и на што ги трошат парите)

Кој сака сите пари да ги вложува во незаборавни авантури и спомени, а кому му се најголем проблем излозите со реклами за распродажба? Зошто некои хороскопски знаци речиси никогаш не можат да поминат од први до први со платата?

na-koi-horoskopski-znaci-platata-nikogash-ne-im-e-dovolna-i-zoshto-01.jpg

Можеби сте еден од оние знаци што постојано има потреба да купува работи што воопшто нема да му затребаат, или пак сте од оние што се премногу чувствителни па верувате на секоја тажна приказна што некој ќе ви ја каже па давате пари што никогаш нема да ги добиете назад или пак едноставно прифаќате работни места што не се доволно платени поради одредено чувство на лојалност...

Понекогаш токму карактерните особености на нашиот хороскопски знак се пресудни и за тоа како раководиме со парите и со финансиите, па и како ќе го поминеме месецот од плата до плата.

Стрелец

Зошто да се грижите за она што ќе се случи утре кога можете да уживате во денешниот ден?

Ова е начинот на размислување на најголемиот број Стрелци. Тие вообичаено не се интересираат многу за материјалните нешта, а најмногу сакаат да „инвестираат“ во истражување на светот.

Тие живеат за денес и нема да си дозволат да пропуштат ниту една шанса за уживање, па дури ако тоа значи и дека ќе останат без пари до крај на месецот.

Сепак, тие инвестираат во убавите спомени и во приказните, па еден ден кога ќе се повозрасни нема да жалат дека нешто пропуштиле во младоста.

na-koi-horoskopski-znaci-platata-nikogash-ne-im-e-dovolna-i-zoshto-03.jpg

Вага

Вагите често запаѓаат во проблеми затоа што не можат да им оддолеат на распродажбите и на кредитните картички, па така често пазарат со нив.

Често им се случува да направат погрешна проценка па да потрошат повеќе отколку што навистина се во можност да платат.

Често може да им се случи долговите да се натрупаат, затоа што заборавиле навреме да платат, па потоа да мора да ги потрошат сите пари на заостанати долгови.

na-koi-horoskopski-znaci-platata-nikogash-ne-im-e-dovolna-i-zoshto-02.jpg

Близнаци

Тие не се дволични, и немаат две лица (како што некои наивно мислат) – вистинската одлика на Близнаците е тоа што постојано имаат потреба да бидат со други луѓе и постојано да комуницираат.

Близнаците се мошне дружељубиви, сакаат луѓето да мислат дека им „оди“ добро па затоа често може да организираат забави или настани што се екстравагантни иако во моментот можеби можат да си го дозволат само најосновното.

Често се случува да потрошат пари на работи што воопшто не им требаат па на крајот кога ќе се пресметаат, се каат за одлуките.

na-koi-horoskopski-znaci-platata-nikogash-ne-im-e-dovolna-i-zoshto-04.jpg

Овен

Овните имаат проблем да кажат „не“. Ако некому му требаат пари, место за живеење или пак помош за проблемите, тие се тука.

Тие се пријателот од кого сите во друштвото одат да позајмат пари.

Иако често може да се случи во прв миг да се подзамислат, сепак на крајот пак ќе му помогнат на пријателот што има потреба.

Овенот е познат по својата „мекост“ па така може да се случи во еден ден сите да дојдат и да бараат помош од него.

Како и да е, ако навистина го изнервирате и постојано му барате пари, може да вербално да се пресмета со вас.

na-koi-horoskopski-znaci-platata-nikogash-ne-im-e-dovolna-i-zoshto-05.jpg

Скорпија

На Скорпиите често им се случува да останат без пари затоа што се со некого што има „скапи“ вкусови.

Можеби нивниот партнер заработува многу (повеќе од нив), но Скорпијата секогаш се чувствува дека треба да биде во чекор.

Значи во ред е да се посетат скапи ресторани или да се престојува во луксузни хотели кога можете да си го дозволите тоа, но да се лажете себе си дека парите не ви се проблем кога ги немате, тоа може да биде голем проблем.

Скорпиите не сакаат да изгледаат во очите на другите како да неможат нешто да си дозволат, па често не се ниту искрени за реалната ситуација во која што се нашле.

Затоа често им се случува да „стиснат заби“ и да прифатат да трошат на непотребни работи иако знаат дека само се ставаат во поголеми долгови.

na-koi-horoskopski-znaci-platata-nikogash-ne-im-e-dovolna-i-zoshto-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg