6 потези кои се „строго забранети“ додека трае ретроградниот Меркур – што не треба да правите?

Заборавете на пораките од типот на „што има?“ упатени кон бившиот, не потпишувајте никакви договори и подгответе се за недоразбирања, губење фајлови и расипување уреди. На кои чекори не треба да се осмелувате за време на ретроградниот Меркур?

6-potezi-koi-se-strogo-zabraneti-dodeka-trae-retrogradniot-merkur-shto-ne-treba-da-pravite-01.jpg

Периодот во кој Меркур е ретрограден, сè може да тргне наопаку, па честопати оние кои веруваат во астрологија, за секоја несакана ситуација велат дека Меркур е виновен. 

Но, навистина, според астрологијата, фазата на ретроградниот Меркур, која започна на 9-ти септември, може да биде тешка за повеќето знаци, а трае до 2-ри октомври. 

Па, што не треба да правите во овој период?

1. Воздржете се од потпишување какви било договори и инвестиции, а ако немате избор, внимателно проверете ги и малите букви за да не заглавите со правни проблеми. Меркур управува со комуникациите, па може да направи збрка во договорите и спогодбите.

6-potezi-koi-se-strogo-zabraneti-dodeka-trae-retrogradniot-merkur-shto-ne-treba-da-pravite-02.jpg

2. Не се нервирајте за откажувања во последен момент, сообраќаен хаос, промени на планови за патување и неочекувани пресврти – бидете подготвени за секакви ситуации во овој период.

3. Избегнувајте да се впуштате во ризични ситуации кои може да завршат со недоразбирање.

Подгответе се да слушате често „ама јас не мислев така“, бидејќи овој период е познат по конфузијата, па имајте го на ум ова пред да почнете да се расправате, за да не пукнете од бес за нешто што не било така мислено или вообичаено не би ве изнервирало.

6-potezi-koi-se-strogo-zabraneti-dodeka-trae-retrogradniot-merkur-shto-ne-treba-da-pravite-04.jpg

4. Не се потпирајте на технологијата и очекувајте прекини, расипувања и губење работи. Бидете подготвени за паѓање на апликации, слаб интернет, прекини во видео повици, изгубени фајлови, расипани апарати и други проблеми со технологијата.

5. Избегнете ги пораките со бившиот партнер за кои ќе бидете во искушение. Периодот е одличен за малку да се посветите на себеси и тоа каде сакате да бидете, но навраќање на минатите врски и токсични партнери не е начинот на кој ќе го постигнете тоа.

Разговарајте со некого за тоа зошто врските се во минатото, каде што им е место.

6-potezi-koi-se-strogo-zabraneti-dodeka-trae-retrogradniot-merkur-shto-ne-treba-da-pravite-03.jpg

6. Не почнувајте ништо ново. Слично како со потпишувањето договори, не е добро време ниту за нови проекти, влегување во нови животни поглавја, а наместо тоа, периодов фокусирајте се на завршување на сите започнати работи и подгответе се за нови почетоци кога ќе заврши ретроградниот циклус.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што треба, а што не треба да прави секој хороскопски знак за време на последниот ретрограден Меркур? Биковите не треба да дозволат туѓото мислење да им ја разниша самодовербата, а С...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Во април внимавајте што зборувате – Какво влијание ќе има секој ретрограден Меркур во 2024? Во 2024 година Меркур ќе биде ретрограден трипати. На што треба особено да обрне...
Годишен хороскоп за 2024: Водолија Во 2024 состојбата на финансиски план ќе ви наликува на вистински трилер. Никога...
Како сами се саботирате во животот, според хороскопскиот знак? Овни, вие не можете да признаете кога не сте во право или кога ќе направите греш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg