Мајчинството не престанува кога децата ќе пораснат и ќе се иселат од дома

И кога ќе имаш 20 години, мајка ти ќе се јави да те потсети да земеш чадор, и на 40 години ќе те прашува дали си стигнал безбедно дома, кога и да излезе ќе ти ја купи омилената храна – грижата на мајката за своите деца не престанува кога тие ќе наполнат 18 години.

majkata-ne-prestanuva-da-se-grizhi-koga-decata-kje-napolnat-18-godini-sekogash-saka-tie-da-bidat-bezbedni-01.jpg

Мајката ќе му се јави на своето 20-годишно дете и ќе го потсети да не заборави да земе чадор затоа што ќе врне.

Таа ќе ѝ се јави на ќерка ѝ за да ја праша како поминал првиот ден кога ги однела децата во градинка и дали успеала да стигне до автомобилот пред да почне да плаче.

Таа го гледа бебето за ќерка ѝ да може да се истушира и да се погрижи за сопственото тело што сѐ уште заздравува од породувањето.

Таа му се јавува на својот 40-годишен син за да биде сигурна дека тој безбедно се вратил од свадба, знаејќи дека тоа е единствениот начин да спие мирно.

Секогаш кога оди во шопинг купува переци за нејзината ќерка, затоа што знае дека ѝ се омилени.

И, не! Не мора да прави ништо од спомнатото, но го прави.

Затоа што мајката сака да го направи животот полесен за нејзините деца, колку што може, дури и кога знае дека тие се способни, одговорни луѓе кои сѐ можат да направат сами.

И секогаш сака да знае дека тие се безбедни.

Затоа што мајчинството не престанува кога децата ќе наполнат 18 години, кога ќе се преселат или ќе добијат свои деца.

Извор

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg