Поучна приказна: „Скршив шолја, мајка ми ми залепи шлаканица, но една бабичка ѝ одржа лекција“

„Мајка ми ми залепи шлаканица и почна да ми вика. Плачев, се плашев од уште еден удар, устата ми се тресеше. Потоа, бабичката ме фати за рамо, ме тргна од мајка ми...“

pouchna-prikazna-skrshiv-sholja-majka-mi-mi-zalepi-shlakanica-no-edna-babichka-i-odrzha-lekcija-01.jpg

Кога бев мала мајка ми секогаш ме казнуваше, за каква било грешка. Без разлика дали сум истурила брашно, скршила чинија, извалкала фустанче, едноставно за сè што сум погрешила.

А јас пак бев едно од оние деца на кои постојано им се случуваат такви работи, без никаква лоша намера.

Еднаш, мојата мајка беше испратена дома кај една поранешна колешка, која одамна беше отидена во пензија, да ѝ честита годишнина во име на компанијата.

Бидејќи немаше со кого да ме остави, морав да одам таму со мајка ми.

Бабичката, нејзината колешка, имаше околу 75 години, а на полицата имаше прекрасен порцелански сервис со цветови. За гости, се разбира.

Таа одлучи да нè послужи чај во тој сервис и јас додека се врткав околу неа, обидувајќи се да ѝ помогнам, скршив една од шолјите.

Мајка ми ми залепи шлаканица и почна да ми вика. Плачев, се плашев од уште еден удар, устата ми се тресеше. Потоа, бабичката ме фати за рамо, ме тргна од мајка ми, а на неа ѝ рече:

„Престани да му викаш на детето. Што е толку страшно? А ти да ја скршеше шолјата, ќе требаше јас да ти викам на тебе?“

Мајка ми се засрами. Старицата продолжи:

„Парче порцелан не е вредно ниту за детските солзи, ниту за твоите нерви. Гледајте на тоа вака, сервисот беше за 6 луѓе, сега е за 5. А повеќе од тројца нема ниту да ми дојдат во животот. А дури и да дојдат, зарем не можат да пијат од обични шолји?“

Потоа, извади нова шолја и стави чај како ништо да не се случило.

А кога си заминувавме, тацната која остана без пар (поради скршената шолја) бабичката ми ја завитка во весник и ми ја даде.

Денес, повеќе не се сеќавам на името на бабичката, но се сеќавам на оваа лекција, која ја запомнивме и јас и мајка ми до крајот на животот. Иако, таа никогаш не ми го призна тоа.

Таа повеќе не е жива, а тацната е во мојот стан. Кога децата ми се немирни, очите ми паѓаат на цветната тацна и повеќе немам желба да викам по нив или да ги удрам.

Извор

Би можело да ве интересира:

Поучна кинеска приказна: Секое добро не е за добро и секое лошо не е за лошо Сè што се случува околу нас е комплексен процес. Невозможно е однапред да знаете...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg