„Ми вети и ме излажа“ - Поучна приказна за богат маж и бездомник што ќе ве замисли

Богатиот бизнисмен влегол дома, но имал голем број пораки и мејлови на кои веднаш требало да одговори. Се занел во работата и целосно заборавил на ветувањето што му го дал на бездомникот пред неговата врата. Не ни помислил колкава штета може да нанесе со празното ветување што го дал...

pouchna-prikazna-za-bogat-mazh-i-bezdomnik-shto-kje-ve-zamisli-kolku-mozhe-da-ve-chinat-praznite-vetuvanja-01.jpg

Колку пати ви се случило да дадете ветување и да не го исполните? Оваа поучна приказна треба да ве научи како влијаат вашите празни ветувања врз другите луѓе и зошто треба да внимавате кому и што му ветувате.

Прочитајте ја поучната приказна:

„Една студена зимска ноќ еден богат човек сретнал бездомник како седи на улицата пред неговата куќа, па го прашал:

- Зарем не ти студи да седиш надвор без јакна?

Бездомникот го погледнал и му одговорил:

- Немам јакна и навикнат сум да немам... – на што богатиот човек му рекол да го почека затоа што ќе оди до дома и ќе му донесе некоја од многуте јакни што ги има во гардероберот, за да не му студи.

Бездомникот се прерадувал на ова ветување и му рекол на богатиот сопственик, на куќата пред која седел, дека нема да мрдне од местото и ќе чека.

Богатиот бизнисмен влегол дома, но имал голем број пораки и мејлови на кои веднаш требало да одговори. Се занел во работата и целосно заборавил на бездомникот пред неговата врата.

Утрото кога станал од спиење, се сетил на сиромавиот човек и веднаш истрчал надвор да види што се случило со него.

За жал, сиромавиот бездомник бил мртов и премрзнат од студот, а во раката држел ливче на која била напишана пораката:

‘Кога немав топла облека, се борев со студот затоа што знаев дека немам друг избор. Но, кога ти ми вети и ме излажа дека ќе ми помогнеш, јас ти поверував и заборавив дека треба да се борам сам...’

Поуката од оваа приказна е дека е најдобро да не давате ветувања што нема да можете да ги исполните.

Можеби тоа ветување вам нема да ви значи ништо, но на тој што му ветувате може да му значи многу.

Нема потреба некому да му давате лажна надеж дека ќе му помогнете, ако вистински немате намера да го сторите тоа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...
Носталгија по детство – игравме џамлии, правевме шатори, повикувавме духови и се натпреварувавме во ... Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg