„Asl pls“ - Дали мирцавте кога бевте тинејџери?

Ах, се сеќавате ли кога секој разговор почнуваше со иста шема: Zdr - Zdr. ASL PLS - 15 f Skopje. U? 17 m Struga? ASL PLS беше кратеница од age, sex and location, please, или години, пол, локација, те молам.

asl-pls-dali-mircavte-koga-bevte-tinejdzeri-01_copy.jpg

Се сеќавам, пред дваесетина година, кога бев осмо одделение, еден час интернет беше 60 денари, па штедев од ужинка за да можам да одам после часови или за време на викенд во интернет кафе. 

Мирцот ни беше главен извор на забава, а целта беше да се напише што покреативен ник или прекар.

Ако не знае што е asl pls мала е за тебе!

Го прочитав ова на Фејсбук пред некој ден и сфатив дека сум „стара“! Значи, сите ние кои парите за ужинка ги чувавме за после часови да одиме во интернет-кафе и да „мирцаме“ сме во категорија стари?

И кога веќе сме кај „мирцот“ - тоа беше епидемија позаразна и во короната во почетокот на новиот милениум. Нов начин на комуникација на која ниту еден тинејџер не остана имун.

Јас тогаш завршував основно и почнував средно, па „мирцот“ ни беше главна тема на разговор, а излегувањето значеше одење во интернет кафуле.

Во тоа време сопствениците на популарните сајбер кафулиња си ги наполнија џебовите. Ретко кој имаше интернет дома, а тој беше бавен и прилично скап.

Девојчињата беа снегулки, синолички, badgirl, goodgirl, синоока, слатка_мала, откачена, скопјанка15, македонка01, _supergirl_ и уште многу други слични имиња, но никогаш, не се ставаше своето вистинско име.

Додека пак момчињата, беа македонија01, gamer007, dotafan, footballfan, тони_монтана_чиар, скопјанец, user007

И ако сакаш да зборуваш со истата личност, на која најчесто, не ѝ го знаеш името, требаше да ѝ го запаметиш никот за следниот ден пак да го бараш. Со другарките имавме тетратка во која ги запишувавме најинтересните ликови од Мирц.

Asl pls!

А секој разговор почнуваше со иста шема:

Zdr

Zdr

ASL PLS

15 f Skopje

U

17 m Struga

ASL PLS беше кратеница од age, sex and location please, или години, пол, локација, те молам.

И кога „муабетот“ ќе се продлабочеше, откако ќе си кажевме, каде учиме, кој филм ми е омилен, што музика слушаме, тогаш, традиционално, следеше прашањето, Опиши се!

Немаше профилни фотографии, немаше стоцици албуми со фотографии од секој одмор или екскурзија и објави од сите јадења или коктели што сме ги консумирале во последните шест месеци.

А, ако по описот, си се „засвиѓавме“ и бевме од исто маало, тогаш паѓаа и договори да се запознаеме, кои скоро никогаш не се случија.

А цел во животот ни беше да го дознаеме никот на нашиот симпатија.

Понекогаш и групно мирцавме, една куца на тастатурата, сите лажат.

И иако беше епидемија, мирцот брзо беше заменет со други платформи.

По мирцот следеше Hi5 и MSC. Колку само ги мразев „тресењата“ на чат на МСН, а уште полошо беше кога место букви користевме сликички и анимации, едвај да се разбере што сакаш да кажеш. Дури целата азбука ја имаше во форма на анимирани ликови.

А профилите на Hi5 беа микс од бои, светки и мотивирачки пораки за секој ден од денот и изјави на љубов.

Но, со појавата на Скајп и Фејсбук, згаснаа и мирцот, и МСН и Hi5, но, се појави нова епидемија за зависност од лајкови, коментари, пријатели и следбеници, а секој пост е пофасцинирачки од претходниот, а често лажен и нереален.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg