Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите

Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? Погледнете неколку наши предлози.

najubavite-novogodishni-chestitki-za-2024-shto-mozhe-da-im-gi-ispratite-na-sakanite-01.jpg

За Нова година сите пишуваме пораки до најблиските. Без разлика дали сакате да ги упатите до најблиските, саканите, роднините или партнерот, ние се потрудивме да издвоиме некои од најубавите пораки со коишто можете да им посакате среќни празници.

Сè што е старо си заминува – заборави го, време е за нови почетоци. Нека 2024 ти донесе многу здравје, среќа и радост.

Новата година значи ново поглавје во животот. Нека 2024 биде едно од највозбудливите поглавја од твојата приказна!

Најголемата желба оваа година ми е заедно да продолжиме да создаваме најубави сеќавања. Среќна Нова година и среќни празници!

Ти посакувам многу радости, насмевки и веселби и секоја желба реалност да ти стане. Среќна Нова година и среќни празници!

Заборави на сите проблеми и болки, па во годината што доаѓа сакај силно и од срце. Не дозволувај никој насмевката да ти ја избрише и нека ти се оствари сè, за што сонуваш. Среќна Нова година!

Во миговите кога 2023-та си оди, срцето мое, мислите кон тебе ги води. Многу среќа и љубов ти посакувам, нека ти биде среќна годината што доаѓа!

Кога стрелките на полноќ ќе се спојат да ти подадам рака и бакнеж да ти подарам нема да можам. Затоа ти пишувам порака кратка, да знаеш дека во себе те носам: „Среќна Нова“ ти посакувам од срце, во здравје и среќа да ти поминуваат дните.

Во поракава моја една желба се крие: ‘Животот нека ти биде полн со среќа и здравје, а најголема радост да ти донесе годината нова’.

Тагата никогаш да не те посети, љубов срцето да ти го исполни. Во Новата година сите желби да ти станат реалност, а сите соништа стварност. Среќна Нова 2024!

Нека секој ден во новата година ти започне со насмевка, нека секој негов миг ти носи среќа и нека се заврши со убави соништа. Среќна Нова 2024!

Секој миг во денот има своја важност. Утрото ти носи надеж, попладнето верба, вечерта љубов, а ноќта одмор. Се надевам дека ќе уживаш во секој миг од 2024. Среќна Нова година и среќни празници!

Ти посакувам: убавини во јануари, љубов во февруари, мир во март, безгрижност во април, забава во мај, уживање од јуни до ноември, среќа во декември... Накратко ти посакувам среќна и преубава 2024 година!

Сè што е лошо и немир што ти создава, нека си замине со годината стара. Новите денови исполнети со среќа и радост да бидат, во љубов и здравје сите мигови од 2024 да минат!

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg