Носталгија - како родените во поранешна Југославија го поминуваа детството?

Децата по цел ден играа надвор, вода се пиеше од црево, а сок од исто шише и чаша. Пријателите не се додаваа на Фејсбук, туку се стекнуваа.

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-01.jpg

Овој текст ќе разбуди носталгија по детството кај сите родени во периодот од 1950 до 1980 година.

Детството тогаш многу се разликуваше од ова денес.

Децата тогаш беа слободни, имаа право на грешки и успех и знаеја да сносат одговорност за своите постапки. 

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-08.jpg

Иако мајките пиеја таблети за главоболка за време на бременоста, јадеа конзервирана храна, пушеа цигари, работеа до последниот ден од бременоста и никогаш не беа тестирани за дијабетес, децата се раѓаа здрави.

Во автомобил се возеа без соодветно седиште и без да бидат врзани со појас.

Велосипеди се возеа без целосна опрема - кациги, штитници за лакти и колена.

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-13_copy_copy.jpg

Водата не се купуваше од продавница, туку се пиеше од црево.

Од истото шише Јупи пиеја сите другарчиња и никој не доби тешка зараза на тој начин.

Се јадеа млечни сладоледи, бел леб намачкан со маст.

И тогаш се пиеја сокови полни со шеќери, но децата не беа дебели, бидејќи постојано си играа надвор.

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-07_copy.jpg

Уште рано наутро се излегуваше надвор и се седеше цел ден.

Криенка, народна, ластик, плочка, крадци и полицајци, грабни стапче, џамлии, долга магарица... ова се само дел од игрите кои се играа надвор.

Качувањето на дрво беше секојдневие, но родителите никогаш не беа осудени од околината за невнимание поради тоа.

На зима пак беше вистинско уживање - од снегот се правеа снешковци и снежни тврдини.

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-04.jpg

Доколку домашните не можеа да те најдат надвор долго време, кога ќе се вратиш со сигурност ќе добиеш шлаканица, како воспитна мерка.

Пријателите не се добиваа со додавање на Фејсбук и Инстаграм, туку се стекнуваа. 

Децата не мораа да пијат таблети против хиперактивност.

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-12.jpg

Немаше видео игри ниту телевизиски канали на кои постојано се емитуваа цртани - другарувањето беше најубавиот начин на забава.

Немаше ниту телефони, па до другарчињата се стигнуваше со директно ѕвенење на вратата од нивниот дом.

Дали и ти припаѓаш на оваа генерација?

Не заборавај, секој од нас е ангел со само едно крило, можеме да летаме само прегрнати.

nostalgija-kako-rodenite-vo-poraneshna-jugoslavija-go-pominuvaa-detstvoto-10.jpg

Извор

Фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Носталгија по детство – игравме џамлии, правевме шатори, повикувавме духови и се натпреварувавме во ... Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg