Популарни суеверија кај нас - бабини деветини

Популарните суеверија или кај нас уште познати како „бабини деветини“ си постојат низ годините и се пренесуваат од колено на колено или едноставно ги прифаќате од пријателите кои ве окружуваат.

popularni-sueverija-kaj-nas-babini-devetini

Постојат ли суеверија до кои се придржувате? Ние одбравме неколку најпопуларни кај нас:

- Кога ќе помине црна мачка треба да почекаш да помине некој друг во спротивно ќе ти се случи несреќа.

- Не седнувај на ќош од маса -–нема да се ожениш/омажиш.

- Ако ти се истури сол, треба да фрлиш три пати по малку од секое рамо.

- Да не се јадат трошки – ќе те следи сиромаштија.

- Да не се даваат пари во недела навечер – цела недела ќе даваш.

- Скршено огледало – 7 години несреќа.

- Невеста ако носи бисери на свадба – солзи во бракот.

- Не греби тенџериња и чинии кога јадеш – ќе ти врне на свадба.

- Ако седиш на два стола кога јадеш – ќе имаш две жени/мажи т.е. два брака.

- Не се сечат нокти навечер – колку поголеми нокти сечеш, толку поголеми нервози ќе имаш.

- Не се тегни после јадење, јадењето му го предаваш на Ѓаволот.

- Не отварај чадор во затворена просторија – носи несреќа.

Верувате ли вие во овие суеверија? Ќе се сетите на уште некое?

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg