Дали момците заборавија како да флертуваат со девојките?

Не, навистина дали заборавија или со текот на времето станаа премногу срамежливи? Дали веќе треба да заборавиме на запознавањето во живо и да преминеме на запознавање преку социјалните мрежи?

dali-momcite-zaboravija-kako-da-flertuvaat-so-devojkite-1-

Девојките сѐ се повеќе жедни за врска и повеќе од нив излегуваат за да запознаат некого, но момци ни за лек.

Минатиот викенд со мојата пријателка решивме да излеземе во едно популарно скопско кафуле и да се забавуваме. Околу нас имаше луѓе од секоја генерација, некои беа излезени без партнери, некои со нив, но сите изгледаа одлично и се забавуваа на свој начин.

Мојата пријателка има момче со кое е заедно веќе три години и многу ретко се случува да излеземе сами ние две. Таа ноќ и двете не можевме, а да не забележиме дека нешто се променило во излегувањето, а тоа е дека момците стојат настрана, а девојките жедни за љубов нервозно го пијат својот пијалак.

Да, имаше момци кои цела ноќ гледаа во нас, ни се смешкаа, но во ниеден миг не се случи некој да ни пријде и да посака да нè запознае. Без разлика на тоа дали сме во врска или не.

Зарем има нешто лошо во тоа да сакаш некого да запознаеш?

dali-momcite-zaboravija-kako-da-flertuvaat-so-devojkite-2

Неодамна разговарав со еден пријател, кој веќе долго време посакува да си најде девојка. Го прашав зошто не и пријде на некоја девојка, која му се допаѓа, без разлика што не ја познава.

Тој само ги крена рамениците и ми рече: „Сигурно не би излегла со некој непознат, веројатно ќе ме откачи”...

Нешто подоцна, јас се запознав со прекрасно момче на еден концерт. Ние сме една година заедно и врската ни функционира одлично, затоа што тој имаше храброст и ми рече: „Сакам повторно да те видам. Уште утре! Ќе ми го дадеш ли твојот број?”. Се стопив од тие неколку зборови...

Момци имајте храброст и јурнете кон девојката која ви се допаѓа. Можеби токму таа е вистинската за вас.

Заборавете на социјалните мрежи, виртуелните пораки и живејте во стварноста.

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg