Народни верувања за среќа од целиот свет

Често сакајќи да се убедиме дека ни следи некоја голема среќа или ако ни е потребна, правиме некои работи за кои веруваме дека ќе ни помогнат, ќе не заштитат или ќе ни донесат среќа.

narodni-veruvanja-za-sreka-od-celiot-svet-001

Многу пати и навистина се остваруваат како сплет на многу околности, но доколку некоја амајлија била присутна за време на случувањето, нема нешто што ќе ве разубеди дека целата среќа не е токму заради неа.

Такви обичаи и верувања постојат секаде:

1. Гаѓање со храна

Во Шпанија е нормална навика, а во Англија се трча со парче сирење и се фрла за среќа.


2. Допрете потковица

Ова без сомневање е најчеста амајлија. Верувањето дека може да ви донесе среќа, особено ако виси во близина на прагот, потекнува од Европа. Се верува дека коњската потковица свртена нагоре носи среќа.


3. Шетање на сонце

Во Шкотска е популарен обичајот невестата да шета на сонце, така што на јужната страна на црквата ќе го помине патот од источниот до западниот дел, па потоа ќе направи 3 круга околу црквата. Се верува дека тоа ќе ѝ донесе среќа во животот.


4. Слонови

Потеклото на верувањето дека слоновите, посебно ако се седум наредени, носат среќа е од Индија и од хиндуизмот каде божествата имаат глава на слон. Во Америка веруваат дека носат среќа само оние слонови кои имаат крената сурла.


5. Одврзани чевли

Жените во Шведска ги оставаат чевлите одврзани за кога ќе се пораѓаат да им биде лесно како одврзувањето на јазолот.

narodni-veruvanja-za-sreka-od-celiot-svet-1.jpg

6. Бркање духови

Во Русија пред свадбата се затвораат сите врати и прозорци, па дури и оџаците за да спречат влегување на лошите духови кои може да ги скараат младенците.


7. Сино око против уроци

Оваа амајлија најмногу ја користат Грците и Турците, па се нарекува грчко или турско око. Може да биде детаљ на облеката, да се носи како нараквица или привезок закачен на синџирче или на креветчето од новородено бебе.


8. Старо, ново, позајмено, сино

Ова е старо англиско верување за тоа дека невестата треба да се облече така за да си обезбеди среќен и долг брак. Нешто старо од некој кој веќе долго бил во брак. Нешто ново за да се воведе во новиот живот, нешто позајмено за да ја преземе среќата и нешто сино кое означува чистина и скромност.


9. Чорапи во различна боја

Во некои краеви на Србија обичај е на малите деца да им се облекуваат чорапи во различна боја или наопаку за кога некој ќе ги погледне, прво таму да му појде вниманието и да не го урочи.


10. Куќата ја чува зелената чувар-куќа

Се верува дека малото зелено растение чувар-куќа ја штити куќата од громови, болести и сите други несреќи. Од куќата во која расте ова растение не може никој ништо да украде.

narodni-veruvanja-za-sreka-od-celiot-svet-2.jpg

Во што верувате вие?

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ако те чеша лева рака ќе земеш пари“ и уште 11 народни верувања кои ни ги пренесоа бабите Кога икате - некој ве озборува, а ако ве чеша окото - ќе видите некого... Кои се...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg