Тој ми беше Сè, но ми стана едно големо Ништо!

Го пиев кафето ладно бидејќи бев оладена, но сега се стоплив со љубов, љубов која тој никогаш не ми ја даде.

toj-mi-bese-se-no-mi-stana-edno-golemo-nisto-1

 Сега повторно го пијам кафето топло, сè уште врело, ми ги пече усните на начин на којшто тоа некогаш го правела неговата нељубов кон мене.

Тој ми беше Сè, но ми стана едно големо Ништо.

Мислев дека ќе траеме вечно, но сфатив дека понекогаш и вечното има рок на траење, се расипува ако не го искористиш на време.

Тој ме искористи на време, додека бев глупава и мала, но не научи како да ја искористи мојата љубов, грижа, детска наивност, девствена искреност, сјај во очите кој блескаше само за него.

Љубовта ја уби, грижата ја отфрли, наивноста ја искористи и ја претвори во претпазливост, искреноста ме научи дека не треба да ја очекувам од евтини луѓе, а тој не беше евтин, беше од оние на попуст, две плус едно гратис кои се со поминат рок.

Сјајот во очите го згасна, наместо него разгори оган на омраза кој полека се претвори во пепел облеан од мојата помиреност дека е крај, дека тој е крајот, а јас сè уште сум на почеток.

На крај сам умираш, сам се раѓаш, важно е да умреш задоволен со себеси, задоволен од она што си го постигнал, она што те направило среќен во моментите на тага, ете тоа е важно.

Не е важно кој те повредил, важно е кој те насмевнал, важен е тој што те смее секој ден, а не тој што те расплакува секоја вечер.

Сркнав од кафето и сфатив дека животот е како него, сладок, но горчлив, зависи колку ќе си го разблажиш сам.

Ладен е доколку твоето срце е ледено, но моето стана памучно, меко, топло, повеќе од претходно, сега животот ми е топол.

Откако си замина тој, пардон, откако го избркав јас на фин и културен начин.

Му реков дека ми беше Сè, но ми стана едно големо Ништо, за него се оладив како кафето кое се ладеше во моите раце секогаш кога не бев во состојба да го испијам на време плачејќи.

Оладив јас за него, за мене се стоплив, ќе олади и тој. Нели оние што имале најжешка љубов, доживуваат најладен крај?

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg