Животната приказна на мојата колешка: Зошто ги затвори очите пред насилството?

Беше убав сончев ден, кога кај нас на работа се појави убава и насмеана девојка. Се претстави дека тоа е нова колешка, дека има искуство со работата и нема да има проблем да се вклопи.

dali-nesto-ne-e-vo-red-so-mene-dali-e-moderno-da-bidam-so-nekoj-koj-krenal-raka-na-mene-01.jpg

Така и беше. Околу нејзината работа немаше никој забелешка, секогаш ведра и насмеана знаеше да се справи со сите, што би се рекло од најмало до најстаро. Но, не беше сè така розово...

Стануваше сè почудна, понекогаш  беше избувлива, сè почесто доцнеше на работа... се прашував што ли се случува со неа. Бидејќи нејзиното однесување се влошуваше, еден ден собрав храброст и ја прашав што се случува со неа, дали има некој проблем и како ние би и помогнале. А тогаш, го слушнав најнепредвидливото од неа.

„Знаеш пред некој ден имав кавга со дечко ми и... ме тепаше пред неговото друштво“. Очите и се насолзија, но продолжи да зборува. „И најмногу од сè ме здоболи што никој не се сврте кон мене, го бришеше подот со мене, не сакаш да знаеш што сè ми изнакажа...“.

Јас во тој момент бев во шок, досега не сум слушнала за ваква ситуација, речиси живеев во имагинарен свет дека тоа се случува само на филмови и дека ниедна девојка не би го дозволила.

Не знаев што да кажам, изустив нешто...

„И, како си? Што се случи? Расчисти ли со него? Му кажа на некого?“

„Па не, не сакам да им кажам на моите, би се загрижиле, не знам на кого да му кажам, од тогаш ми пишуваше неколку пати, ми ѕвонеше, но не се јавив, немам јас што да барам со него.“

Уф си реков добро е, имало ум девојчево. Не сакав да навлегувам понатаму, претпоставувам дека и не било првпат ама ајде. И кажав дека ја поддржувам во одлуката и дека тоа е најдоброто што може да го направи.

Помина време, девојчето се смири, веќе беше поведра на работа. Имаше моменти кога доаѓаше растревожена, кога во солзи ни ги читаше пораките во кои тој ја навредува до бескрај, а ние бевме тука да ја утешиме.

Знаев дека нема каде да каже, па затоа се одлучила нас на работа да ни сподели такво нешто.

И што се случи? Не можев да си поверувам на очите кога пред некој ден го видов како ја чека од работа, а таа среќна и насмеана до уши излета од врата, и сè уште се чудам и не можам да си поверувам.

Дали нешто не е во ред со мене, дали е модерно да бидам со некој кој кренал рака на мене?

Какво е нејзиното оправдување да биде со човек кој што физички и психички ја малтретира? 

Дали може да сакаме таков човек и да се уверуваме дека ќе се смени? Во една прилика и реков, „биди свесна дека волкот го менува само крзното, тој никогаш нема да се смени, во најмала рака може да стане и полошо“, а таа ми климаше со главата. 

А, сега насмеана потрча кај него. Се почувствував изневерена, како моите зборови да не беа вредни, како мојата поддршка да беше на шега.

И пред сè жал ми е, криво ми е, зошто во 21-ви век, при луѓе со развиена свест, при толкава достапност до информација, при толку здруженија за заштита од насилство, при толку невладини организации, при толкав маркетинг против насилство да се случува ова?

И сè уште не можам да си поверувам, но сфатив дека моето е дотука.

Јас не сум таа која ќе може да ги отвори очите на некој кој одбрал да живее замижано!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Угро, Искра Трпева: Кои се подзаборавените македонски ѕвезди чии песни се хитови и денес? Угро, Искра Трпева, Дарко Илиевски, 4Play се само дел од оние што ги испеаја нек...
Ивана Кнез за CRNOBELO лексикон: „Како дете сум се загубила на Охридско Езеро 12 часа“ „Прв симпатија ми беше Боби од градинка, скршив нос на едно девојче за него. Да ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg