Како ме промени животот?

Додека чекорев сигурно кон целта, изминувајќи ја патеката живот, јас се менував.

kako-me-promeni-zivotot-001.jpg

Не можам да кажам дека задржав сè она што требаше и оставив сè она што не требаше, бидејќи понекогаш колку и да знаеш дека нешто треба да остане, едноставно треба да го пуштиш...Така налага животот.

Изучувајќи да чекорам и зборувам јас ги добивав првите чувства и знаења за светот околу мене. Растев со вербата во луѓето. Наивност која ме тераше да верувам дека сите на околу имаат само убави зборови во нивната уста и имаат чисто срце како моето кое никого не би повредило.

Живеев со помислата дека сè треба да биде во совршена хармонија и дека ние треба кон тоа да се стремиме. Бев млад, наивен, но бев искрен кон себеси, тоа беше нешто во кое верував и се обврзав кон следење на она во кое верувам. Колку и да звучи погрешно, јас мислев дека е исправно.

Како што изминуваа годините сфатив дека таа моја искреност, преточена во добрина и наивност е злоупотребена од луѓето, а јас мислев дека баш напротив ќе биде ценета и ставена на пиедестал, бидејќи е апсолутна реткост.

Но, за жал светот не беше така розов како што јас сум си го замислил во главата. Луѓето имаа доза на злоба и се обидуваа да стигнат до својата цел, не плашејќи се од оној горе, ниту па од лошите мисли кои владееа во нивните глави.

Така животот од мене почна да ги одзема тие наивни детски карактеристики и ме подготвуваше за понатамошниот пат, небаре бев војник на обука. Кој мора да заборави на сè што оставил зад себе и да се посвети на свое усовршување. Тие имаа шлем, јас имав измешана глава со она што е правилно да се понесе понатаму и она што треба да се остави.

Оттогаш не верувам секому, а сакав да верувам, бидејќи сметав дека секој од нас заслужува да добие нечија доверба.

Не се смеам на работите на кои порано сум прснувал од смеа и не се движам во истиот круг на луѓе, бидејќи тоа било еден круг на искористувањето кое сум го нарекувал пријателство.

Ги затворам очите и таму има соништа, но има соништа со големи препреки, не се тоа јасни и чисти мисли како порано, сега се реални,темни и болни, но сепак се реални. Не размислувам дали некого ќе повредам, барем не повеќе, се трудам да бидам добар кон сите, но газам, газам преку сè за да стигнам онаму каде што сум зацртал. Заборавам понекогаш да бидам искрен и подлажувам, како тоа да е една техника за да успеам во светот, не сaкав, но ете морав да научам.

Се борам за себе иако понекогаш тоа им штети на другите, сепак како што многумина прават, помеѓу светот и себеси, јас се избирам себеси.

Не плачам, барем не пред другите, се затворам во себе криејќи ја својата слабост, за непријателот да не ја дознае. Понекогаш се борам против себеси, правејќи работи кои не сакам, а морам, животот е суров, ќе те натера... Живеам со надеж дека ќе стигнам некаде, а не дека светот ќе стане избалансирано место на чувства и идеи и ќе владее хармонија.

Никогаш не мислев дека ќе претрпам толкава трансформација на животната патека. Понекогаш размислувам и жалам за некои од детските чувства кои се потиснати во мене со цел да не бидам проголтан од општеството.

Јас не барав промена, јас мислев дека можам со искреност, добрина и наивност да успеам, но животот како најголем заповедник не дозволи. Тој со помислата да не се изгубам, ме промени за секогаш....

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg