Кратка мудра приказна: Зошто треба да поставувате прашања?

Силен змеј се движел низ неговата шума на еден прекрасен сончев ден. Одеднаш сретнал волк...

kratka-mudra-prikazna-zoshto-treba-da-postavuvate-prashanja-01.jpg

- „Еј, дојди тука, мој голем сив пријателе! Правам забава вечерва и ќе те ставам на листата. Гледаш? (почнал да запишува). Ќе те чекам бидејќи ти ќе бидеш моето главно јадење. Сфаќаш?“

- „Да“ - одговорил волкот.

- „Имаш некакви прашања?“ - прашал змејот.

- „Не, господине“ - одговорил волкот.

- „Добар волк, се гледаме вечер“ - изјавил змејот.

Змејот продолжил да се движи низ шумата и сретнал лисица.

- „Што правиш итра лисицо? Вечер правам мала забава. Треба да дојдеш. Тебе ќе те послужам како предјадење. Ме разбра?“ - прашал змејот.

- „Да, разбрав“ - изјавила лисицата.

- „Имаш некакви прашања?“ - прашал змејот.

- „Не, сè ми е јасно“ - одговорила лисицата.

На крајот, змејот сретнал едно зајче.

- „Еј, слатко зајче, одамна не сум те видел! Вечер правам забава и сакам да дојдеш. Мислам дека ќе те јадам за десерт. Ме слушна?“ - прашал змејот.

- „Да, те слушнав“ - одговорил зајакот.

- „Имаш некакви прашања?“

- „Да, само едно.“ - одговорил зајакот.

- „Слободно прашај“ - рекол змејот.

- „Може другпат да присуствувам на твоја забава? Имам планови за вечер.“ - прашал зајакот.

- „Секако пријателче, нема проблем. Само да те избришам од листата“ - рекол змејот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Најкратката и најмоќна поучна приказна од 6-годишно девојче Девојче (6) се вратило од кај сосетката, на која трагично ѝ починала 8-годишната...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да напр...
Кристина Димитри за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам моќ да ги излечам сите деца во светот“ „Кога бев малечка татко ми ме викаше Мече“, вели Кристина Димитри и се потпиша в...
Поучната приказна за двете врапчиња, која треба да ја помните до крајот на животот Две врапчиња безгрижно си разговарале стоејќи на една врба. Едното удобно се сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg