Брзаме да го искусиме првиот бакнеж, првиот секс, првата љубов...

Седев на каучот на терасата, се обидував начин да се разладам, бидејќи чувствував како да ми недостига ладен воздух.

ubavite-raboti-vredi-da-se-cekaat-01

Ниту вентилаторот во ќошот не ми беше од помош во обидот да ја намалам таа жештина која го обземаше моето тело. Луѓето поминуваа под терасата обидувајќи се да не колабираат на жешкото сонце, а најмногу обожував кога ги набљудував.

Феномен кој не знаев како да им го раскажам на другите. Додека тие се движеа моите мисли патуваа за да стигнат до најнедостижните места и тоа на некој начин претставуваше мое исклучување од секојдневната реалност.

Се прашував зошто ние луѓето сакаме да ги избрзаме работите за да се случат тогаш кога не треба и потоа да бидеме повредени?

Беше тоа како непишано правило, но некој добро го знаеше и не тераше и ние да го научиме секогаш кога ќе погрешевме. Брзавме да го доживееме првиот бакнеж и најчесто го доживувавме со погрешни личности, понесени од љубопитноста, без да размислиме да му дадеме време на оној вистинскиот да се случи тогаш кога ќе биде потребно.

Не остававме простор за да ни се залепат усните и да се изгубиме во еден сосема непознат свет, туку најчесто го доживувавме просечното поради нашата брзоплетост.

Ги брзавме и луѓето, барајќи од нив нешта кои можеби не требало да ги побараме, ги брзавме и работите очекувајќи многу, а на крај добивавме едно големо ништо само за да научиме дека во животот работите ќе се случат кога ќе дојде време, понекогаш на некои работи им требаше многу време, но сепак се случуваа, затоа требаше да научиме да не очајуваме.

Запишував нешто во тетратката и најдов одговор на прашањето на мојата другарка која ме запраша  зошто е сè уште сама, а беше доволно паметна и атрактивна за да биде во долга врска. Ја погледнав и не знаев што да и кажам, но запишав одговор кој горев од желба да го споделам со неа.

„По правилата на нештата работите кои долго ги чекаш и влегуваш сосема сигурен во нив се оние кои ќе остават најголем белег во твојот живот. Ако им дадеш простор, ако им дадеш време, ако најдеш начин да ги почекаш без да очајуваш.

Првиот секс ќе биде вистинска страст, измешана со страв и љубопитност, а не обично допирање на две ладни тела. Мажот кој ќе ја држи твојата рака ќе биде оној вистинскиот во чии очи ќе го гледаш својот свет. Оној кој ќе сакаш никогаш да не те испушти од неговата прегратка.

Немој да бидеш исплашена да чекаш, она што сакаш да се случи ќе се случи кога веќе си се откажала. А според мојата логика, убавите работи вреди да се чекаат. Колку и да изгледа долго тоа чекање ќе ти изгледа сосема кратко кога ќе заврши.

Ќе ги затвориш очите и ќе помислиш, навистина вредеше.”

За да ги доживееме убавите работи во животот моравме да научиме да го оттргнеме очајот и да се избориме со секоја панична и депресивна мисла во нашата глава. За многу работи не постоеше ограничување кога треба, а кога не треба да се случат, понекогаш сами вршевме притисок избрзувајќи или задоцнувајќи со нештата.

Во целата таа игра на променливо расположение најважен беше фактот дека убавите работи се случуваат, понекогаш треба само да им дадеме повеќе време и да веруваме дека на крајот ќе имаме огромна насмевка, задоволни од крајниот резултат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg