Пријателите се најсигурниот облог кој ќе го направите во животот

Се обидувам да живеам живот со што е можно помалку каење. Каењето е разорно по душата. Го нагризува умот, го уморува духот. Каењето е залудно потрошено време. А времето е бесценето. Тоа е единственото нешто што не се купува со пари, бидејќи е неповратно.

Prijatelite-se-najsigurniot-oblog-koj-ke-gi-napravite-vo-zivotot-01.jpg

Па сепак, како и секој нормален човек, чувствувам малку каење за одредени работи од минатото. Едноставно е – се каам бидејќи не сум поминала доволно време со луѓето што ги сакам.

Тоа е поради фактот што сум мислела дека ќе ми бидат (за)секогаш во моето блиско опкружување. Дека ќе бидат покрај мене, дека ќе остариме заедно.

Секогаш во видикот или не подалеку од еден час возење, не подалеку од обичен телефонски повик.

А времето тече. Ние растеме, созреваме, старееме. Животите асфалтираат нови патишта, а некои од нив водат многу далеку.

Сега кога ќе размислам на сето драгоцено изгубено време, можам само да ја заклатам главата со благ прекор и неверување, но тоа го препишувам на младоста и неискуството.

Не сум можела да излезам бидејќи сум имала лош ден, не сум успеала да стигнам некаде бидејќи косата не ми била измиена... сите добри парчиња облека ми биле за перење. Сум имала мигрена, излегла нова епизода од мојата омилена серија... ми се спиело. Изговори, празни изговори.

И одеднаш, блиските луѓе ги нема. Тие се веќе заминати, раштракани на различни континенти, дишат во различни временски зони. Спијат кога јас се будам, сонливо ги тријат очите наутро додека јас навивам аларм пред легнување.

Мислиме дека со технологијата ќе ја победиме далечината, дека кафето на скајп е скоро исто како и она во 4 очи, но мене ми недостига целата таа магија на дружбата во живо, тој наш посебен ритуал, прегратката на почетокот и крајот на средбата. Ми недостигаат деновите кога времето не го меревме со часовник, туку со разговори.

Многу работи ги земаме здраво за готово, најчесто пријателите кои се покрај нас.

Чувајте ги, поминете што е можно повеќе време со нив.

Бидејќи пријателите се најсигурниот облог кој ќе го направите во животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg