Очајна, само готви. Види ја, не знае јајце да спржи - На никој не можеш да му погодиш кога си жена

Стани, седни, исчисти, зготви. Оди на работа, врати се, ручај, дремни, вежбај, излези, спиј.

Da-si-zena-e-privilegija-i-nikoj-nema-pravo-da-ti-gi-diktira-pravilata-osven-ti-samata-01_copy.jpg

Имај редовно секс, грижи се за твоето лице, за твоето тело, но нахрани го и умот.

Внимавај на облеката, не излегувај со валкани чевли, оди исправено.

Не зборувај додека јадеш, не пеј додека јадеш, не џвакај гласно со мастиката.

Биди одмерена, биди дама, биди љубезна, имај свое јас, но не мора баш секогаш да кажуваш што мислиш.

Одиграј дипломатски, не губи го трпението, не плачи пред другите, немој да се смееш прегласно, ама ти да не имаш ПМС денеска?

ЖЕНА.

Да се биде жена е предизвик, најубавата и најтешката задача истовремено.

Сите имаат мислење како треба да изгледаш, сите имаат некакви очекувања кои треба да ги исполниш.

Безброј етикети се прилепуваат до именката која го означува твојот род.

Ти си сучка, живееш на вода и едно јаболко дневно. Анорексична ниедна.

Баш си крава, јадеш без усул, немаш никаква самоконтрола. Свинче дебело.

Види си ги ноктите црвени, и карминот црвен, добро знаеш ли кои жени шлапаат таква црвена боја?

Мивка, спиела со над 10 мажи.

Каква мивка, со еден имаше секс и тој го зема за маж.

Едвај дочека да се омажи, уште непроодена како што треба.

Види ја оваа, ќе се скраси ли некогаш со маж покрај себе?

Се разведе, за греота. Кој ќе ја земе сега со дете?

Изгледа мизерно без шминка, како неисплакната.

Oдвратнa e со шминка, како некоја филувана торта.

Не ти стојат фустани, имаш дебели нозе како диреци.

Демек, деколте е ова? Не треба со нешто да го пополниш?

Не знае да спржи ниту едно јајце.

Очајна е, по цел ден само готви, умирисана на запршки.

Не се грижи за детето, си гледа само за себе.

Опседната е со детето, како да не постои никој друг на светов, како само таа да е мајка.

Бебе ќе чува бебе.

Оваа требаше баба да биде досега, а не мајка.

Љубоморна е, колку е несигурна во себе.

Ич увото не ја боли каде и со кого е дечко и, мислиш дека го сака?

Туѓите мислења никогаш нема да запрат.

Тоа е како наезда од лоши негативни мисли, кои ви го трујат умот, ви го грицкаат духот, ви ја ограничуваат слободата, наместо да бидете она што сте – ЖЕНА.

Онаква каква што сакате да бидете.

Па јадете едно јаболко на ден ако така ви се сака. И не се објаснувајте никому за третата шолја зелен чај во денот.

Порачајте си пица ако така ви сака душичката, наместо таа трева без сол и без масло.

Родете на 20, родете на 40 години, не раѓајте воопшто, ваша е одлуката.

Излезете без грам шминка, прошетајте се со целосно исконтурирано лице и блескав црвен кармин кој ќе ја заслепи загрижената околина.

Пејте кога ви се пее, смејте се гласно кога нешто ви е смешно, опцујте кога ви е преку глава!

Научете да готвите ако вам така ви се сака, или гответе храна доволна за цела една армија и викајте ги сите блиски на ручеци и вечери.

Облечете си го фустанот што срамежливо ви ѕирка во плакарот и чека подобри времиња наречени „кога ќе ослабам едно 5 кила“.

Бидејќи да си жена е прекрасно.

Да си жена е возвишено, одговорно, бидејќи не го може тоа секој.

Да си жена е привилегија.

И ниту еден коментар не треба да ве поколеба во тој факт.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg