Зошто моите себично одлучија да ме остават без брат или сестра?

Си велам каков ќе беше животот, ако имав кому да се јавам за да ги споделам успесите кои ги остварував секојдневно? Како ќе изгледаа овие парчиња облека ако имаше некој по мене со кого можам да ги споделувам и дали некогаш моите ќе знаеја како да ми се „откачат од вратот“, ако имаше уште некој за да замoруваат?

zoshto-moite-sebicno-odlucija-da-me-ostavat-bez-brat-ili-sestra-001.jpg

Секогаш, додека растев, имав некој гнев во себе и се прашував зошто моите одлучиле да бидат, ајде да кажам, себични и да ме остават без партнер во злосторство, барем додека растев.

Можеби да имав брат или сестра ќе им љубоморев, бидејќи немаше да го имам целото внимание на светот? И секој ден од моето постоење се прашував зошто моите на таков себичен начин одлучија да ме остават сам?

Дали тоа значеше дека едноставно нема веќе хемија меѓу нив или навистина сметаа дека моето постоење е доволно мачење за нивните нерви? Дали едноставно јас бев причината за таа одлука или можеби беа луѓе кои не сакаа да преувеличуваат?

Никогаш не дочекав да им кажам, но секогаш ми беше криво кога другите раскажуваа како нивните поголеми браќа ги носат скришно со нив во диско или пак како оние кои имаа помали сестри ги шетаат за рака додека тие се смеат од среќа.

Умирав од желба и јас да се испијанам за матурата на брат ми или да го организирам роденденот на сестра ми. Да ги земам од градинка или училиште или пак, да излезам на кафе и разговор со нив.

Сите имаа спомени кои вклучуваа игри во пар, двајца браќа, брат и сестра, две сестри, а јас, јас се сеќавав на купот полн играчки и едно детенце кое зборува само со себе, кое измислува другарчиња и мисли дека куклите му се семејство само за да не се чувствува изолирано.

Мамо, тато, дали тоа беше фер?

Не сакам да ве обвинувам, сигурно постои добра причина, иако јас сè уште не можам да ја видам.

Еве времето минува, пријателите полека скокаат во тавче, се радувам на нивната среќа и тие се радуваат на моите успеси. Но, кој ќе биде оној највеселиот покрај мене, кој ќе се здрви од пиење кога сите гости ќе седнат, кој ќе се грижи гостите да бидат на право место, кој ќе кажува шеги и ќе ги среди сите работи кои ќе тргнат наопаку?

Кому да се јавам во три часот по полноќ да ме собере кога јас ќе се здробам на шанкот во некој локален бар? Пријателите ќе бидат тука, но тие не се семејство, колку и да се блиски, тие не се она што би било вашето второ дете.

Секогаш си замислувам што би било, кога би било...

Дали работите ќе течеа во сосема поинаков тек? И си велам луѓето не можат да разберат, некои од нив дури и не знаат да го ценат она што го имаат, но никогаш нема да го знаат тоа грдо чувство, пак ќе речам за мене грдо чувство... да растеш сам...

Да живееш сам и да немаш со кого да ги направиш сите глупости кои ги прават оние кои имаат брат или сестра. Тоа е една чудна мисла која не ми излегува од главата, што би било ако барем еден од нив постоеше во мојот живот?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg