Во мојот речник не постои „не можеш“

Не знам зошто мојата глава работеше обратно од мислите на останатите.

ona-koga-ke-mi-kazes-ne-mozes-01

Отсекогаш кога ќе ми речеа „Не“, јас давав сè од себе за тоа да биде едно големо „Да“, кога ќе ме потценеа ќе направев сѐ за да им докажам дека не требало да ме отпишат толку рано. Имаше некој инает внатре во мене кој се бунтуваше против секој оној кој ќе ги изговореше двата збора кои за мене беа мотивација низ моето постоење. Оние два збора кога ќе речеа „Не можеш“, алудирајќи на тоа дека нема да успеам.

Не можам да го опишам тој феномен, но во тие моменти ја собирав целата сила во моето јадро машко тело и целото знаење во секоја пора на мојот мозок. Секоја мисла во мојата психа ја довикуваше целта, а целото мое битие беше подготвено за физичкиот напор кој треба да се преземе за таа да се оствари.

Можеби звучи смешно, но дури и самиот знаев да се исплашам од таа посветеност. Тогаш бев програмирана машина која размислува само за едно нешто, својата „неостварлива“ цел.

Ќе поминеа неспани ноќи, часови на работна маса, скинати лисја, одново и одново, секојдневно.

Ќе се изолирав од светот, ќе палев цигара за цигара од нервоза. Ќе паѓав во депресија и сам ќе се борев да излезам од неа. Но тоа беше процес кој јас знаев дека ќе се случи и се случуваше секогаш кога ќе си поставев невозможни цели.

Понекогаш ми доаѓаше и да се откажам, но она што не ми даваше беше тоа „Не можеш“, кажано со потсмевање и потценување. Ми одекнуваше во главата и ми се враќаше циничниот изглед на секој предизвикувач кој сакаше да ја оцрни мојата способност.

Знаеја и да ми лепат епитети, не знаејќи дека јас сум на половина пат од она што сум го замислил, додека тие се потсмеваа на тоа дека јас не можам ниту да започнам. Уживав да го гледам тој поглед на потценување, знаејќи колку грешат.

Секогаш се случуваше да седиме на иста маса, а јас со поразителна насмевка да прифатам дека се во право, велејќи си во главата „Само почекајте и ќе видите, доаѓа време за мојата голема презентација“.

Секогаш успевав да се сооча, со предизвикот и да докажам дека јас знам и умеам многу повеќе од она што ми го препишуваше општеството, а општеството обожаваше да потценува. Секогаш се издигнував над просечното и секогаш правев многу повеќе отколку што светот може да замисли.

Затоа на секој оној кој ќе ми речеше „Не можеш“ му давав милион причини дека јас можам, не со зборови, туку со конкретни постапки, кои со сигурност ја затвораа неговата прешироко отворена уста и носеа кисел израз на неговиот саркастичен лик...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg