Новогодишниот дух замре: Ги трошите парите за скапи алкохоли, за утре да не се сеќавате на прославата?

Надвор е ладно, ладно е во душите на многумина, без разлика колку и да се обидуваме тоа да го негираме. Во ова време кога Новогодишниот дух треба да преовладува меѓу нас и да се шират вистинските вредности, ние луѓето како полека да ги губиме вистинските нешта кои треба да бидат споделени, а ставаме фокус на сè она што е сосема погрешно.

dali-se-izgubi-novogodisniot-duh-01

Гледам жени трчаат да најдат совршен фустан и закажуваат термини за шминка и фризура, трошат еден куп пари. Мажи одбираат костуми, кожни колани и нови чевли за да се дотераат за таа гламурозна вечер. Штедат пари за да ги потрошат на еден куп алкохолни пијалоци за  потоа да не се сеќаваат наредниот ден.

На домашните собири седат со телефоните и нивните зариени глави ги креваат само ако некој ги опоменe. Подароците некако се бираат извештачено, ако воопшто ги има и никој не сака да се потруди да направи нешто од срце, бидејќи во таа бркотница за да изгледаат совршено немаат време.

Не знам дали само јас се чувствувам така, но порано овие денови имаа поинаков мирис, носеа поинаков дух или можеби мојата чиста, невина, детска мисла беше сосема различна.

Подароците беа рачно изработен меч од дрво, ластик, малку џамлии завиткани во црвена панделка, ништо посебно, ништо екслкузивно, а сепак нешто што ми сраснуваше за срце.

Одевме од дом по дом, со некој скромен подарок, бевме пречекани со сокче за растворање и кафе, не носевме ништо со кое што ќе отскокнуваме од другите, а од тие денови ги памтам сите насмевки на сите братучеди и сите празнични зборови на моите роднини. Тоа беше едно време во кое што сакав да живеам засекогаш.

Тогаш не беше сѐ во тоа да се биде некаде и да се помине лудо, туку да се внесе љубовта во еден скромен живот, да се направи денот подобар и без материјални нешта да се донесе среќата во нечиј дом.

Златната лента на елката и сребрените шари кои беа на прозорецот создаваа дворец од нашиот скромен дом и беа најскапоцените нешта кои ги поседувавме. Сијаличките, луѓето кои беа тука, малиот број на лампиони и полупразната елка која не беше докитена...

Немавме многу пари, но имавме многу во нас за да направиме магија од ништо, за да ги прославиме празниците на начин на кој сега не можат да се доживеат. Со суви кифлички, но топли за да ти ја згреат душата.

Сега имаме многу, повеќе отколку тогаш. Нов телефон, можност да купиме некој подарок поскап од тие тогаш, повеќе лампиони, но тоа доживување, таа скромност која носеше среќа и луѓето кои знаеа да ја создадат ги нема повеќе.

Колку и да се обидувам да го доживеам тоа повторно, сфаќам дека нема да се случи никогаш повеќе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg