Баба ми велеше: „Ногата скрши ја, но не го крши ветувањето кое си го дал”

Зборови, ги лепиме еден до друг, секојдневно, неуморно, без да бидеме свесни со секој збор му даваме значење на животот. Животот ни доаѓа како една функција која осцилира околу својата рамнотежна состојба, а ние се движиме еднаш во минус, еднаш во плус или што би рекле постарите тркалото на животот постојано се врти, а ние седнати внатре без да бараме се вртиме со таа промена.

baba-mi-velese-skrsi-noga-ama-ne-i-vetuvanje-01

Дали ние сме свесни дека токму со таа прилепенка на букви во зборови, кои навидум и немаат некое огромно значење за светот, сме причина за тоа вртење на тркалото?

Ако заглавило во негативниот дел, сами сме виновни, а ако останало во позитивниот дел цело време тоа значи дека правилно сме ги ределе сите зборови во креирањето на нашата успешна приказна.

Но, да се вратам на зборовите, баба ми често велеше „Ногата скрши ја, ама не и ветувањето кое си го дал” и не можев да сфатам зошто го вели тоа сè додека не го запознав подобро општеството. Баш како што реков, луѓето се впуштаа во таа игра на зборови, без да ги научат правилата и да ги спознаат последиците од неправилното играње.

Забораваа дека таа игра вклучува чувства, емоции, инволвира живи суштества, луѓе кои ги восприемаат тие зборови и веруваат во она што е кажано. Но, дали луѓето кои ја играа таа игра на лажни ветувања им беше грижа што ќе се случи со другата страна кога нема да го остварат она што го ветиле или едноставно за нив тоа беше само пополнување време, малку дела, многу зборови?

Што беше кога во очите на другиот ќе ја видат тагата, дали тоа воопшто ги засегаше, што беше со луѓето кои слепо им веруваа, а на крајот остануваа изиграни? Што беше со зборовите кои ќе останат неостварени?

Дали истото го правеа и кон себеси, како се чувствуваа кога ќе си ветат нешто сами на себе, а потоа ќе се изневерат, дали воопшто дозволуваа така да се самоповредат?

Секојдневно бев сведок на лажно кажани реченици, оние кои не се кажани од срце, секојдневно сведок на тагата во очите на оние изиграните од тие клети зборови чија веројатност за остварување е 0. Луѓето како да ја обожаваа таа игра на зборови, како да ги хранеше лагата во нивните ветувања и како да се стремеа да разочараат што е можно повеќе луѓе наоколу, вклучувајќи се и себеси.

Очигледно не ја имаа слушнато славната поговорка на баба ми и бегајќи од болката да ја скршат ногата, тие го прекршуваа своето ветување, бидејќи во овој свет на лицемерие зборовите кои ги упатуваме кон другите имаа сè помалку тежина и сè помалку емоција. Сè зборуваа напразно, како здодевна рутина која мора да биде кажана, а што ќе биде потоа, за многумина тоа беше неважно.

Луѓето како да забораваа дека буквите слепени во зборови, а зборовите слепени во реченици имаат голема моќ, да променат нечиј живот, на подобро или полошо, во зависност од делото кое се криеше во тие слепени зборови.

Верувајте ми немаше поголема болка од болката на неостварено ветување, не за оној кој не го остварил, туку за оној на кој тоа му било ветено.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Ах, кога баба ми месеше зелник - Нема поубаво, тоа е мирисот на моето детство“ Во моето семејство традиција беше правењето на зелник. По рецептот на баба ми. Н...
„Стојам пред полицата со ајвар во маркетот и се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница“ Се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница. Есен, веќе почнуваше да ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg