Приказната на успешната Њујорчанка: Во животот ништо не доаѓа преку ноќ

Секојдневно во разговорите со луѓето наоѓам нешто што ужасно ми оди на нерви, можеби е до мене, можеби јас имам поинаква визија за животот и светот, но едноставно не можам да се согласам со нивната визија за процесот кој води кон успешноста.

prikaznata-na-uspesnata-njurockanka-vo-zivotot-nisto-ne-doagja-preku-nok-01

За да појаснам што сакам да ви кажам ќе ја искористам приказната на една успешна Њујорчанка која одвои дел од своето време за да ми ја раскаже, ќе ви ја пренесам во прво лице.

Те разбирам што сакаш да кажеш и овде постојат такви луѓе. Луѓе кои сакаат да почнат од нула и да се збогатат за само за еден ден, по можност тоа да биде без многу труд, без да се вложи напор, без квалитет, без идеја. Луѓе кои едноставно сонуваат да бидат успешни преку ноќ.

Го гледаш ли овој поглед тука и ова кафе кое го пиеме? Јас бев способна тоа да го овозможам не бидејќи се родив богата, не бидејќи мене ми врнат пари од небото или ги збирам од дрвото кое ми кажаа дека ќе ме чека тука во Америка.

Јас почнав од нула, но за да стигнам таму каде што сум сега, не ми требаше ден, ниту недела, ниту месеци, ниту една година, мене ми требаа десет години за да го остварам она што го сонував.

Што тоа значи?

Да не ме сфатиш погрешно, не значи тоа дека сум неспособна, неумешна, бавна и мрзелива, туку моите замисли беа високи, моите соништа преголеми и патот до нивното остварување бараше посветеност.

Секојдневна работа со која јас се усовршував, труд и мака која ја видов во секој час од тој процес...

За да можам да го купам овој прекрасен стан, за да пиеш кафе од скап сервис, за да можам да патувам каде ќе посакам, да си купам што ќе посакам. Да правам сè она што не сум можела да правам претходно. За да го живеам животот кој го живеат успешните луѓе...

Големите соништа бараат големи жртви и многу, многу работа. Никој не станува богат преку ден, дури и да изгледа така пред да светне неговото име во медиуми, пред да дојде тој на сите насловни страни вложил работа која многумина не ја гледаат или не сакаат да ја видат, мислејќи дека тој само посакал и тоа се остварило.

Не мора да се родиш богат за да бидеш успешен, треба да бидеш доследен на себеси и да вложуваш секојдневно за да го оствариш она што ти паѓа на ум, а како што ме гледаш мене, можеш да оствариш сè. Ништо не е неостварливо, но исто така луѓето треба да знаат дека тоа не доаѓа преку ноќ.

Шпанците имаат поговорка која вели „poco a poco“ или во превод  „малку по малку“ или, ако сакаш, „полека, пополека“, сè во свое време. Не сонувај за скап автомобил и убав стан ако не си подготвен да работиш макотрпно, едноставно е.

Ако не сакаш да дадеш, нема ни да добиеш.

Сурово и жално е, но почетокот од нула не е лесен и не ни очекувај да биде лесен. За жал многумина заглавуваат на првиот дел, имаат желба, имаат убави замисли за животот, но не сакаат да работат, не сакаат да се подложат себеси на процесот да се биде успешен и затоа честопати завршуваат на нулата или можеби малку под неа или малку над неа.

Затоа за да се вброиш во множеството на успешните треба да знаеш за тој процес, дека богатството и успешноста се две различни работи, има луѓе кои сакаат да бидат успешни не за да се расфрлаат со пари, туку едноставно да доминираат во својата професија, парите кај нив доаѓаат како награда. Имаш и такви кои тежнеат да бидат само богати, но без разлика кон што целиш, патот е трнлив и не е едноставен.

Убаво би било тоа да го сфатат сите кои тежнеат да бидат богати или успешни, или двете заедно, што на кого му е по желба.

Во животот ништо не доаѓа преку ноќ.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg