Се ежам од луѓе слабаци

se-ezham-od-lugje-slabaci-01.jpg

Се ежам од луѓе слабаци, кукавици.

Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш немаат храброст да се борат ниту за себе, ниту за своите сакани.

Молчат, сокриени, го прегризуваат јазикот, не кажуваат што мислат од страв што ќе помислат другите...

Не прават што сакаат од страв што ќе пресудат другите...

Им велиш „Исправи се, бори се, уживај, гази кога треба, простувај кога треба, но не дозволувај тебе да те газат“.

А тие? Тие го наведнале грбот како 300 години да натежнале на него.

Се сметаат за безвредни и секогаш другите ги ставаат пред себе.

А како такви изгледаат скршено и сами за себе креираат неубава слика.

Па, кој сака да се дружи со луѓе со свиен ‘рбет?

Само се преиспитуваат, само трагедии смислуваат, само со параноја се опседнуваат, само туѓо гајле „берат“.

Себе и своите, тие за кои треба да се борат, ќе ги стават на последно место.

И ајде нивните, тие двапати помош ќе побараат, третпат сами ќе си ги решат проблемите, туку своите проблеми тие што ги тиштат, што од нив половина човек направиле... Со тие што ќе прават?

Овие луѓе не се ниту половина луѓе од тоа што можат да бидат и тоа е тажно, претажно.

Во очите на другите ниту се моќни, ниту се привлечни, ниту можат некому некогаш идол да бидат.

Само се кукавици и ништо повеќе од тоа.

А полошо од тоа, има ли?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С.| Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
„Син ми носи само скапи патики, а не од пазар“ – останав без зборови по одговорот на сосетка во мал ... Додека го пиев кафето, го гледам детето како пресреќно си оди дома, скока од рад...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg