10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот

Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. Добрата жена е најлесно да ја искористите...

10-prichini-zoshto-dobrite-zheni-pominuvaat-najlosho-vo-zhivotot-01.jpg

Да се биде добар е доблест. Но, треба да знаете со кои луѓе треба да бидете добри, бидејќи, ако ја давате својата добрина на сите, најверојатно ќе поминете лошо во животот.

Кои се најчестите причини поради кои добрите жени (најчесто) поминуваат лошо во животот?

Добрата жена најчесто им попушта на сите за сè

Попустливоста кон другите ќе ја чини најмногу во животот.

Жената не смее да биде попустлива со луѓето, особено не со оние кои не ѝ посакуваат добро.

Ако им попушта на сите, ризикува да биде целосно уништена.

Добрата жена не знае да каже „НЕ“

Што и да ѝ направиле во животот, таа едноставно не знае да каже „НЕ“.

Некои добрите жени дозволуваат другите да ги уништуваат, дури и свесно одат во пропаст.

Наместо да дозволите сите да ве газат, подобро кренете ја главата и кажете им да престанат.

Добрите жени се многу мирни

Токму затоа што се мирни, лошите луѓе сметаат дека можат со нив да се однесуваат како што сакаат и тоа, за жал, им успева.

Не смеете да бидете мирни со злобните луѓе, бидејќи со таквото однесување можете само да си наштетите на себе, но и на саканите околу вас.

10-prichini-zoshto-dobrite-zheni-pominuvaat-najlosho-vo-zhivotot-02.jpg

Добрата жена ќе им удоволи на сите и не ѝ е грижа што ќе се случува со неа

Наместо да им угодува на другите и тоа да го прави на сопствена штета, подобро би било да си угоди на самата себе.

Грижете се прво за себе, затоа што ако утре ви се случи нешто, многумина нема ни да се свртат.

Добрата жена знае да почитува

Таа зрачи со почит кон сите, не е важно дали е дете или возрасен, едноставно научена е да ги почитува сите околу себе.

За жал, токму оваа почит понекогаш ја чини многу во животот.

10-prichini-zoshto-dobrite-zheni-pominuvaat-najlosho-vo-zhivotot-03.jpg

Добрата жена брзо простува

Колку и да ѝ направил некој зло, таа е подготвена да му прости доколку тој ѝ се извини.

Со ова прави голема грешка затоа што премногу им верува на луѓето, мисли дека сите се како неа.

Таа никогаш нема да сфати дека злото секогаш ќе биде зло.

Добрата жена е секогаш насмеана

Дури и кога е емотивно уништена, се труди да биде позитивна и да се насмевнува.

Најголемиот проблем е што луѓето со текот на времето се навикнуваат на таа насмевка и веруваат дека што и да ѝ направат, таа треба да е расположена.

Добрата жена никогаш не се кара

Наместо да се побуни кога ќе е обесправена, таа ќе ја наведне главата, само за да не се кара.

Што и да ѝ каже некој, таа ќе го истрпи тоа, сите навреди и лоши зборови, и ќе им  дозволи на луѓето да ѝ изнакажат сè.

10-prichini-zoshto-dobrite-zheni-pominuvaat-najlosho-vo-zhivotot-03_2.jpg

Добрата жена најлесно ќе ја искористите

Со добрата жена лесно се манипулира.

Таа им верува на сите и токму поради тоа си поминува лошо во животот.

Добрата жена само молчи и трпи

Таа никогаш нема да направи нешто за да се избори за себе, колку и да страда.

Извор

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg