Работи кои треба да ги запаметите кога сè ќе тргне наопаку

Вистината е дека среќата не е отсуство на проблемите, туку способноста да се справите со нив.

8-raboti-koi-treba-da-gi-zapametite-koga-se-ke-trgne-naopaku-1.jpg

Секогаш гледајте што имате, а не што сте изгубиле. Бидејќи не се брои она што животот ви одземал, туку што правите со она што ви останало.

Ова се 8 клучни работи кои треба да ги запаметите кога гледате дека сè е свртено против вас:

1. Болката е дел од растот

Понекогаш животот ви затвора одредени врати, бидејќи е време да отворите нови. И тоа е добра работа, бидејќи честопати ако не сме присилени, нема да се помрднеме од место. Само затоа што се борите, не значи дека паѓате. Секој голем успех си бара и голема борба. На добрите работи им треба време, а вам ви треба трпение и позитивна мисла. Запомнете дека постојат два типа на болка: болка која ве повредува и болка која ве променува.

2. Сè во животот е привремено

Секојпат кога врне, евентуално престанува. Секојпат кога ќе се повредите, зараснува. Ништо не трае вечно. Па, ако е добро во моментов - уживајте. Ако во моментот е лошо и тешко - не значи дека никогаш повторно нема да се смеете. Само извлечете го максимумот од секоја ситуација со мислата дека сè е привремено.

3. Жалењето и грижењето не менува ништо

Оние кои најмногу се жалат, постигнуваат најмалку. Подобро е да се обидете да направите нешто и да не успеете, отколку да не се обидете. И ништо не е готово доколку изгубите или погрешите, готово е тогаш кога не правите ништо, освен што се жалите.

4. Лузните се симбол на вашите сили

Не се срамете од нив. Лузната значи дека некогаш сте биле повредени, но раната се затворила и болката поминала. Значи дека сте се спротивставиле на болката, сте научиле лекција, сте зајакнале и сте продолжиле. Не дозволувајте заради лузните да живеете во страв. Гледајте ги како симбол на вашата сила, не на вашата слабост.

5. Секоја мала битка е чекор нанапред

Трпението не значи да седите со скрстени раце и да чека. Трпението значи да се борите и да работите напорно на вашите соништа дури и тогаш кога сите мислат дека нема да успеете. Ова може да значи жртвување на стабилноста и комфорот, но со нив никогаш нема да се помрднете од место. Секоја мала битка која ќе ве извади од сигурното поле, значи чекор нанапред, колку и да ви се чини спротивно.

6. Туѓата негативност не е ваш проблем

Бидете позитивни дури и тогаш кога сте опкружени со негативност. Насмевнете се кога другите се обидуваат да ве расплачат. Не дозволувајте туѓата горчина да ви го попречи слаткиот вкус на победа и успех. Ретко кога луѓето прават негативни работи заради вас. Тие ги прават заради себе, заради незадоволството со својот живот. И запомнете, најлесниот начин да се ослободите од негативноста - е итриот хумор.

7. Што треба да се случи, ќе се случи

Има толку многу скриени благослови во секоја битка која ја водите. Само треба да го отворите срцето и да ги видите. Ништо не можете да присилите да се случи во моментот кога мислите дека треба да се случи. Само ќе полудите ако се обидувате одново и одново. На крајот од краиштата, доволно е да и верувате на интуицијата, да ги прифатите шансите кои ви се пружаат и да го цените стекнатото искуство. Смејте се на конфузијата и уживајте во слободата. Можеби нема да завршите таму каде што планиравте, но сигурно ќе завршите таму каде што треба да сте.

8. Најдобрата работа која може да ја направите е да продолжите напред

Не се плашете да направите една иста работа откако сте се изгореле - да се обидете, да сакате, да живеете, да сонувате одново и одново. Не дозволувајте тешката лекција да го скамени вашето срце. Најдобрите лекции во животот се учат при најголемите грешки и најтемните моменти.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg