Срамни заблуди на денешницата: Бебето со ин-витро ти е вештачко!

Без никаков помпезен вовед веднаш преминувам на изјавата која ја слушнав пред неколку денови: бебињата добиени со помош на инсеминација и ин-витро процедура ви се вештачки бебиња!

Sramni-zabludi-na-denesnicata-bebeto-so-in-vitro-ti-e-veshtacko-01.jpg

Да не знаеш дали да плачеш, дал’ да се смееш или да маваш боксови. Да се двоумиш дали креаторите на овие изјави живеат во пештера и цртаат цртежи со јагленосани стапчиња или се истите што се возат со тебе во автобус и пазаруваат во локалниот супер маркет.

Затоа што според овие работи кои ги кажуваат со толкава самоувереност сфаќаш дека не напреднале многу од едноклеточната амеба.

Суровоста поткрепена со незнаењето на луѓето оди до неразумни граници. Прво ги имаш дежурните чувари на твојата интима, твојот кревет и твојот репродуктивен часовник.

Имаш ли дечко? А зошто немаш, што ти фали? А имаш некого значи... па што чекаш, ајде мажи се. Види, љубовта, тоа е илузија, работа измислена од сиромашните и партизаните.

Не ти треба љубов, дете ти треба еј! Ќе си го бараш еден ден, ќе плачеш по него! Само ти чекај, ми брка тука некаква кариера место да раѓа! Себична, глупава девојко! Вразуми се!

Сите се загрижени и водат ред за твојата матка, јајници и јајце-клетки. И знајни и незнајни луѓе. И тетките и стрините и комшивката од третиот кат и бабите пред зграда. И оние роднини што ги гледаш по 2 пати во годината (на погреб и свадба) и колешката на мајка ти од кадрово.

Сите те поздравуваат, прашуваат за тебе и ти праќаат абер да побрзаш. Тоа е затоа што се добри и грижливи, не затоа што си немаат друга работа во животот и основна трошка култура.

Конечно се чувствуваш подготвена за бебе. И почнуваш да работиш на случајот. Но, коцките не се подредуваат секогаш онака како што си замислил. За некого репродукцијата е проста како грав, за други е вистински предизвик и борба.

И тогаш, оваа душебрижничка група го достигнува најбизарното, најсурово перверзно ниво на однесување – има уште коментари и погани зборови и ти дотура сол на раната.

Нели ти рековме да си побрзаш, еве, барај си го сега детето по болници. Ако ти е, имај си сега вештачко бебе од епрувета! Каква мајка е таа, се породила со царски рез, никаква болка не почувствувала. Не го дои бебето, себична немајка.

И добиваш чувство дека се ситат на твојата болка. И сакаат да чувствуваш грижа на совест. И веројатно плачеш поради ваквите коментари, те боли секое делче од твојата душа, додека тие лаат и истураат грст лоши зборови на твоја сметка.

Па, еве една простачка контра-изјава на вашите подли коментари – Кој ве шиша! Никому не му е гајле за вашите средновековни размислувања. Полни сте отров и претпоставувам дека е многу тешко да се живее со малку ум и стисната душа. Простено нека ви е, не знаете за подобро.

А за сите останати, бидете силни, бидете храбри. Останете смели и самоуверени и не дозволувајте очите да ви се полнат солзи поради лоши непрокопсани луѓе.

Вашите бебиња ќе дојдат на еден или друг начин. Можеби ќе се зачнат природно, а можеби ќе ја добиете тешката битка со инсеминација или ин-витро. Само оние кои го поминале овој пат ја знаат болката, неизвесноста и храброста која е потребна за да го издржиш сето тоа.

А, можеби и ќе се решите да си посвоите мало убаво злато. И нема ништо страшно, ништо лошо во која и да било одлука. Важно е вие да сте среќни и вашето бебе да е среќно.

И никој нема право да ја нарекува вашата среќа вештачка и задоцнета или да направи да се чувствувате помалку мајка или вашето бебе помалку бебе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg