Кратка мудра приказна: Лебарката која ги возбуди сите дами

Во еден ресторан наеднаш како од никаде се појавила една лебарка и паднала врз скутот на една жена. Таа од страв почнала да паничи и вреска. Почнала да скока и со двете раце во паника пробувала да ја тргне лебарката.

teorijata-za-lebarkata-1

Нејзината исплашена реакција и вознемирен глас биле заразни па така наеднаш сите во нејзината група на пријателки кои седеле на масата почнале да паничат.

Жената успеала да ја тргне лебарката, но кога ја тргнала лебарката застанала врз друга жена. Сега било ред на оваа жена да ја продолжи драмата. Тогаш келнерот дошол да им помогне.

Жената тргнувајќи ја лебарката од себе ја фрлила врз келнерот. Келнерот останал мирен, се наместил и кратко ја набљудувал лебарката која стоела на неговата кошула. Кога бил доволно сигурен во себе, ја фатил лебарката со неговите прсти и ја исфрлил од ресторантот.

Еден човек од страна ја гледал цела ситуација додека пиел кафе. Почнал да размислува за тоа дали лебарката всушност е виновна за хистеричното однесување на дамите.

Ако е така, зошто келнерот не бил вознемирен и се справил со ситуацијата перфектно без никаков хаос?

Тогаш сфатил дека не е проблемот до лебарката туку неможноста на дамите да справат со нарушувањето на мирот од лебарката.

Тогаш почнал да размислува дека ни викањето на неговата сопруга и на неговиот шеф па дури и на неговите родители не било тоа што го вознемирува. Не бил ни сообраќајниот метеж, туку неможноста да се справи со било какви мали непријатности во животот.

Поважно од проблемот е вашата реакција на проблемот кој го прави хаосот во вашиот живот.

Не треба да реагирате во животот, треба да одговорите на проблемите. Жените кога ги нападна лебарката реагираа додека келнерот одговори на проблемот.

Реакциите се секогаш инстинктивни, додека одговорите се добро обмислени. Преубав начин да го разбереш животот.

Луѓето кои се среќни не се среќни поради тоа што се е во ред во нивниот живот. Тие се среќни поради нивниот став кон сите проблеми кои се појавуваат во животот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Ако беше лесен животот со личноста што ја сакаш, немаше да вреди“ „Животот со личноста што ја сакаш не е таков како што сите си мислат. Не станува...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg