Зошто сме толку приврзани кон материјалните добра?

Замислете место каде што би се телепортирале веднаш, ако парите не беа предмет на расправа. Сега кога сте таму, како го восприемате моментот?

zosto-sme-tolku-privrzani-kon-materijalnite-dobra-1

Дали се замислувате како медитативно пробувате да ги вклучите сите сетила и да живеете во сегашноста? Дали се замислувате како го искористувате моментот и го доживувате преку сите ваши сетила, или се гледате како турист кој упорно се труди да избере филтер на Инстаграм за да задоволи една моментална исконска потреба- да го измери егото со она на пријателот?

Потребата за врзување со материјалните добра и нашата идентификација со истите произлегува од задоволување на моментално егоистично чувство. Социјалните медиуми се совршен начин за директно исполнување на истото. Стануваме толку приврзани за работите затоа што мислиме дека ќе ни послужат да задоволиме некоја потреба која би направила да се чувствуваме исполнети.

Во модерниот свет во кој живееме имаме секојдневна потреба од материјални добра, затоа што без нив не би можеле да се интегрираме во општеството. Но, и да се откажеме од нив, тоа не би значело дека потребата и желбата за истите магично би исчезнале.

Дали антипатијата кон материјалните добра е  правилна и потребна во модерното општество? Дали е можно да живееме без нив?

Поентата е дека не може да се направи духовна трансформација во модерното општество со негирање и оддалечување од различни аспекти на животот.

Формулата за баланс во животот е поседување на материјални добра без потреба за приврзаност кон истите. Нема ништо лошо во тоа да си дозволиме одредени материјални работи. Тие сами по себе не претставуваат никаков проблем сè додека не се фатиме како очајно се придржуваме кон нив мотивирани од страв од одвојување од истите.

Постојат неколку начини да избегнеме опсесивна приврзаност. Еден од нив е да собираме искуства повеќе од нешта. Патот до вистинската среќа е едноставен.

После 10 години повеќе ќе се сеќаваме на местото коешто сме го посетиле и на позитивните чувства поврзани со него, отколку на чантата која едноставно сме морале да ја купиме. Да најдеме начин да го работиме и правиме она што го сакаме и нешто што е корисно по природа, а не да го правиме тоа само за да стигнеме до следната плата.

И за крај, да ја пронајдеме нашата централна желба и мотивација во животот. Еден ден сме на врвот на општествената хиерархија, а друг ден можеме да бидеме на дното. Ако се фокусираме на нешто многу побитно, нешто што би било централен фокус во нашиот живот, можеби и не би биле толку колебливи и неспремни на промени и исплашени од губење на приврзаноста со нашите омилени работи.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg