Немаат пари за сметки, ама имаат за најновиот iPhone

Се претворивме во луѓе преполни со комплекси, со самодоверба која стои на стаклени нозе и непресушна желба да добиваме постојана потврда од околината за нашиот квалитет.

nemaat pari za smetki ama imaat za najnoviot iphone 01

Згора на сѐ, тоа климање со главата и воодушевување од другите, од кое станавме зависни, започнавме да веруваме дека можеме да го добиеме само со еден површен материјалистички пристап. Повеќе како да не веруваме дека луѓето се со нас поради нашите вистински вредности и квалитети и сето тоа мора да го бојадисаме со баналности кои имаат цена.

Неодамна запознав семејство чиј начин на функционирање ме запрепасти. И далеку од тоа дека тие не се прекрасни луѓе. Се, па дури и повеќе од тоа, но страдаат од една „болка“ на современото општество, имаат една маана која засенува сѐ друго - мислат дека својата вредност во очите на другите треба да ја докажуваат со материјалното и тоа некако ми фрли сенка на сѐ добро што мислев за нив.

За миг со своите комплекси изгубија од вредност во моите очи и ми се сторија толку несигурни, како тинејџерка која влегува во пубертет и нема самодоверба затоа што акните ѝ се преголеми, градите премали, стомакот подуен, а нозете слаби. Натоварени од комплекси, тие ја имаат извртено сликата за реалноста.

Овој млад пар има две дечиња, живее со старите и има танталови маки да успее нормално да функционира во премалкуте квадратни метри во станчето во кое живеат. И ова е за многумина реалност во Македонија и работите се такви какви што сe. И не е воопшто страшно, затоа што за да стигнеш до врвот секогаш мора да започнеш од нешто.

Но, тоа што ме изненади е што овој пар, кој има просечни примања, кога излегува со пријателите пие само вина „special edition“, дома гостите ги пречекува со кавијар и моцарела, ги купува најновите технолошки достигнувања, па последниот iPhone секогаш е задолжителен, а одморите ги минува задолжително во хотели со пет ѕвездички... И сето ова го прави на кредит. Токму така, се задолжува вртоглаво за да живее на висока нога поради „болката“ што ќе кажат другите.

Наместо да функционира во рамките на можностите, па здравје еден ден кога ќе подигне кредит тоа да биде за нешто навистина важно, како стекнување на каква било недвижнина која нивните деца ќе ја наследат, ова семејство живее во луксуз кој не може да си го дозволи, за пред пријателите да остави слика која е нереална.

Сметките за струја се таложат, интернетот неретко им го исклучуваат поради заостанат долг, старите се измачуваат од пензијата да купат основни работи за домаќинството, а тие живеат како денес да е последниот ден од нивното постоење, без разлика што веќе се родители на две деца, чиј опстанок зависи само од нив.

Со скапи парчиња облека на себе и илузија за живот на висока нога, тие изгледаат дури смешно во очите на другите. Колку и да сакаат да ги претстават работите поинаку, се гледа дека сето тоа е само една парада за јавноста, која изгледа лошо како премногу шминка на старо лице или како панталони два броја помали на крупен човек. Апсолутно непријатно за око.

Вистината е таа- дека животот го живееме за себе и нема потреба да се покажуваме и докажуваме на другите колку и што поседуваме. Оние вистинските луѓе околу нас ќе знаат да нѐ ценат поради тоа што сме, а не поради тоа што имаме, а ние кога ќе го сфатиме тоа ќе се излечиме од комплексите кои непотребно ни создаваат непријатност и притисок во секојдневното функционирање.

Наместо најновиот iPhone, нели е подобро парите да се инвестираат за да се замени дотрајаниот душек на креветчето од вашето бебе, без разлика што луѓето околу вас тоа нема да може да го видат?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg