Твоите брчки, лузни и стрии се доказ дека си живеела - Носи ги со гордост!

Сите ние ја имаме таа една пријателка која не може да престане да зборува за своите стрии, за целулитот на нозете и оној насобран околу нејзините колена.

Tvoite-luzni-brcki-i-strii-se-dokaz-deka-si-ziveela-01.jpg

Ги нарекува „свински коленца“ и постојано ги покрива со долги фустани, здолништа или панталони. Која будалеста жена. 

Еден ден, кој ќе дојде многу набрзо, ден кој припаѓа во категоријата „старост“ ќе се кае поради тоа што ги криела коленцата. И што не носела повеќе кратки фустани и не се фрцкала со невидена радост и слобода на движењето.

Доколку ја немате таа пријателка, доволно е само да се погледнете во огледалото. Еве сте. Нема забуни, вие сте таа која ги мрази своите пеги, онаа длабока вдлабена брчка на челото.

Вие сте истата онаа која ги премачува стриите со секакви масла и нечујно се моли да се избришат уште следното утро како со магична гума.

Вие сте таа опседната жена која си ја мрази лузната на стомакот од „царскиот рез“, широките колкови и облините, дупчињата на образите.

Ти си таа напорна жена која не може да престане да зборува за „спојлерите“, „свадбарките“, исекотината која бавно зараснува и остава белег, и ги мразиш сите овие работи од дното на душата.

И сите ние жени кои ги обележавме овие појави како маани и недостатоци, ни треба малку разум и малку повеќе ќотек. Сите кои мислиме дека ни го нагрдуваат телото треба да се соземеме, бидејќи тие се нашата лична уметност.

Се родивме со празно ненасликано платно, а сега ги имаме лузните да сведочат за нашата борба.

Ги имаме „царските резови“ и стриите кои се сведоци на тоа што значи да се стане мајка. Ги имаме брчките од пресилно смеење и оние подлабоките од тага, бидејќи што би бил животот без малку задолжителна горчина во слаткото море.

Кој и да ги етикетирал овие неми сведоци на животот отпечатени на нашето тело како „грдосии“, нема поим што зборува.

Очигледно не ги видел на сончева светлина пегите кои се разлеваат на лицето на насмеаната девојка. Не ги разбира дупчињата на образите, ниту истакнатите јаболчници. Не ја разбира радоста на здравото тело исполнето со отпечатоци кои се втиснале и се само наши.

Прегрнете ги силно вашите маани. Гушнете ги, нежно поминете со прстите по сите ваши тетоважи, лузни, стрии.

Не може (и не мора) сите да сме исти за да бидеме прекрасни. Убавината е во различноста. Во уникатноста. А нашите отпечатоци нè прават уникатни.

Животот ќе биде предосаден ако сме сите исти. Биди она што си.

Да поставиме нови стандарди на убавина. Да се гордееме со облините, со силно испакнатите клучни коски. Бидејќи се убави, секси, привлечни. И не мора да барате никој кој ќе ве сака поради тоа, затоа што пред сè останато треба да се сакате себеси поради нив.

Бидејќи тие се дел од нас. Тие се доказ дека сме постоеле и сме живееле. Да ги носиме со гордост. Да создадеме свет каде што се слави различноста и несекојдневноста. Свет во кој несовршеноста се нарекува убавина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg