Немој да плачеш - животот е пред тебе!

Сакам да се скријам во некој агол од собата, да настане молк и да го следам текот на светлината кој пробива од прозорот. Сакам да бидам сам со тие мисли заклучени во мојата глава. Понекогаш реалноста е премногу, понекогаш животот не можеш да го сфатиш сериозно, бидејќи често знае да донесе кисела насмевка на твоето лице.

nemoj-da-places-01.jpg

На ѕидот до кој седам пишува „Немој да плачеш”, букви испишани со црн маркер и чуден фонт. Се сеќавам колку се каравме со мајка ми кога ги виде. Иако никој не знаеше, тие беа мојот потсетник на едно време, кое не знам дали би менувал нешто ако се врати, само би го утешил детето кое плачеше во тој ќош.

Луѓето се злобни, соучениците во класот знаат да бидат уште позлобни. Зборовите честопати, иако изгледаат незначајни, продираат до коска. Нечија душа може да биде оцрнета од тие трули човечки тела желни да шират омраза. Никој не заслужува да биде згазен без причина.

Многу солзи се исплакаа затоа што многу етикети беа залепени на моето име, без разлика дали тоа се однесуваше на мојата прекумерна тежина, на мојата сексуалност, на начинот на кој размислувам и живеам или едноставно на моето битие. Како да бев дежурен сунѓер кој ќе ги впива сите тие погрдни зборови и тврдења, кои најчесто не беа вистина.

Знаете, има силни луѓе кои тоа можат сами да го истуркаат на раменици, да стигнат до точката до која што сум јас денес и да кажат дека се справиле, дека издржале, успеале да ги орфрлат сите тие злобни јазици. Но има и такви, за кои читам секојдневно, кои едноставно попуштаат под притисокот на одвратно адресирани прозивки и решаваат да го прекинат тоа мачење.

Зарем беа свесни насилниците дека згаснува нечиј живот само заради тоа што тие сакаат пет минутна забава или исполнување на нивното слободно време за време на одморот помеѓу двата часови?

Се сеќавам дека стоев пред огледалото и размислував долго, кој дел да го променам, што да направам, како да размислувам за да се вклопам, да ги натерам да ме сакаат? Дали да се заборавам себеси, да заборавам што сонувам, што сакам и за што се борам, само за да бидам прифатен?

Иако скршен, тогаш имаше нешто бунтовно во тоа мало дете кое не го разбираше животот, иако ме болеше до коска и секојдневно морав да ги трпам истите зборови, јас пружав отпор, не сакав да се променам. Ден по ден, станував сé посигурен, сé посвесен дека јас сум онаму каде што треба. Солзите по некое време запираа и чекорите стануваа посигурни. Зборовите престануваа да делуваат. Не беше важно што гледаат тие, туку она што сакам да го видам јас.

Како што изминуваа годините, сакав да се вратам, на тоа дете од ќошот да му раскажам неколку работи кои сакам да ги споделам во ова мое јавно разголување на емоции. Зошто знам дека не престанало и нема да престане. За сите оние кои се ставени во иста ситуација.

Насмевни се мило мое, не знаат што зборуваат, тоа го прават од забава, очигледно има нешто во твоето битие што ги скокотка, што те прави трн во око. Знам дека те потресува што секој ден мора да ја трпиш нивната тортура, но немој да се грижиш, сè доаѓа на своето место, ќе ти стане јасно.

Не се потиснувај, не се променувај, не си скратувај, не се сомневај и не ја губи надежта за подобро утре. Не ги отфрлај своите соништа и не менувај ниту еден дел од твоето постоење. Спровтистави се со она што го знаеш и умееш, со своите дела, докажи им дека ти си доволно добар.

Нека не те кршат празни зборови - болат, но поминуваат. Немој да ги губиш своите денови во тага. Излези надвор, зошто таму те чека живот, кој ќе те прифати токму онаков каков што си. Како единка, посебна, единствена, различна, бори се за себеси и немој да дозволиш да те променат.

Го можеш тоа малечок, го можеш тоа!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg