Жено, опамети се! Кога ќе остариш, ќе жалиш...

Ќе жалиш затоа што си пропуштила прилики да патуваш. Кога ќе остариш ќе имаш многу повеќе обврски и трошоци и нема да можеш толку лесно да испланираш патување.

zheno-opameti-se-koga-kje-ostaresh-kje-zhalish-01.jpg

Не си научила нов јазик бидејќи колку повеќе си одолговлекувала, толку потешко ти било да го научиш.

Ќе жалиш што си останала во лоша врска бидејќи ќе сфатиш дека си можела многу порано да ја прекинеш. Не си ставала доволно крем за сончање, а пегите од сонцето не се баш пријатно искуство. Можеше да ги спречиш.

Ќе жалиш што си ја пропуштила приликата да го запознаеш омилениот пејач. Секогаш си мислела дека ќе има друг пат, а сега сфаќаш дека тоа била единствената прилика и ти не си ја искористила затоа што си чекала. Си се плашела да направиш некои работи, упорно држејќи се за комфорната зона од која одамна требало да излезеш.

Не си вежбала навреме и сега е тешко да се натераш на физичка активност. Си дозволила да бидеш „полничка“. Си можела да бидеш сè што си сакала, ако не си поставувала бариери.

Не си дала отказ на ужасната работа. Да, си имала сметки за плаќање, ама да си била похрабра, си можела да се занимаваш и со некоја креативна работа, да одлучиш да веруваш во својот сон. Не си се трудела многу околу учењето. Без разлика на оценките, ќе ти биде криво што не си одела на предавања, не си го учела материјалот кога било време за тоа.

Не си се прифаќала себеси таква каква што си и не си била свесна колку си убава. Си се плашела за кажеш „те сакам“. Сега знаеш дека суштината на тие зборови не била да добиеш повратен одговор, туку да ги искажеш емоциите и некому да му дадеш до знаење дека го сакаш. Можеби никогаш не ни дознал за тоа.

Ќе ти биде криво што не си ги слушала советите на родителите. Тоа најдобро ќе го сфатиш кога ќе имаш деца и кога ќе видиш дека сè што им кажуваш, им го кажуваш со добра намера. Ќе ти биде криво што си била полна со себе и си мислела дека си најпаметна од сите. Ќе ти биде срам кога ќе сфатиш колку всушност не си имала поим.

Ќе жалиш што ти било важно мислењето на другите затоа што ќе сфатиш дека твојот живот е само твоја работа и никој нема право да ти кажува како да постапуваш. Ќе жалиш што си ги поддржувала другите да ги остварат нивните соништа, а не си се обидела да си ги оствариш твоите. Залудно си трошела време на некои луѓе, места и настани, наместо да продолжиш понатаму.

Си се воздржувала и не си покажувала кога си била лута, бесна или тажна. Не си стоела на своите ставови. А, требало.

Не си се грижела за своите заби и ретко си одела на забар. За тоа ќе зажалиш кога ќе ставиш протеза. Ќе зажалиш што не си нашла згодно време да им поставиш некои прашања на дедо ти и баба ти пред да умрат. Предоцна ќе сфатиш колку ти значеле и ќе жалиш за тоа, ама времето не се враќа.

Ќе жалиш што премногу си работела. Никој никогаш не се пожалил дека поминувал многу време со семејството, ама затоа скоро сите жалат што посветиле многу време на работата. Не си научила да готвиш и да правиш специјалитети.

Си можела да научиш барем едно јадење за да ти биде „ас во ракавот“ во сите ситуации. Не си го ценела она што го имаш, секогаш си трчала по нешто ново, наводно подобро, а си го губела она што си го имала во тој момент.

Ќе жалиш што не си го довршила она што си го почнала, без разлика дали станува збор за остварување на идеи, одење на патување, преквалификација за друга работа и нешто трето. Требало да истраеш во тоа.

Ќе жалиш што не си одела на забави бидејќи забави веќе нема ни да има понатаму во животот. А, тогаш си можела да бидеш караоке кралица, да играш цела вечер на подиум...

Ќе жалиш што си дозволила културолошки, верски, национални или други одредници да те насочат како личност. Не си им дозволила на другарствата да се менуваат со годините, бидејќи нормално е со годините и луѓето да се менуваат. Но, тоа не ги спречува да останат пријатели.

Ќе жалиш што не си играла доволно со децата. Тие ќе пораснат додека да трепнеш и ќе престанат да си играат. Не си ризикувала, особено во љубовта. Си можела и си требала, но не си се осудила поради сосема бесмислени причини.

Ќе жалиш што не си стекнала доволно познанства кои сега ќе ти бидат многу важни – пресудни за работа, но и за нови пријателства. Без потреба си влегувала во конфликти и расправии и си се грижела за сè.

Ќе жалиш што не си поминувала доволно време со оние кои ги сакаш. Не постојат изговори за тоа. Не си држела говор пред многу луѓе и не си дознала дали си родена да бидеш лидер – си се плашела да се обидеш.

Не си била благодарна кога требало. Денес знаеш дека сè што некогаш си имала, од воздухот кој го дишиш, до сè што денес имаш, е огромен подарок за кој никогаш не си се заблагодарила. Заблагодари се за тоа денес. Цени го сето она што го имаш.

Сакај и кажи го тоа на глас. Ќе дојде ден кога ќе ти биде жал што не си го направила тоа.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жено, не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба понекогаш Не постои поголема храброст од тоа да бидеш слаба и себеси да се прифатиш како т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg