Сакам жена со став, сè додека не ми оди контра

На кратко се обидуваме да се убедиме дека живееме во едно нормално и модерно општеството во кое жените ги уживаат истите права како и мажите.

Sakam-zena-so-stav-se-dodeka-ne-mi-odi-kontra-01.jpg

Свет во кој ни е дозволено да сме еднакви, самостојни и слободни. Секој зрел и еманципиран маж ќе ви каже дека бара токму таква жена, силна, самоуверена и жена со став.

Ова секако важи само во теорија, бидејќи во пракса очигледно и не е баш најпријатно да си покрај некоја таква.

Кога веќе еднаш го кревате гласот и јасно и гласно искажувате личен став, вие сте одеднаш: хистерични, напорни, самобендисани, суетни, егоцентрични. Прилично тешки за поднесување. Не умеете да правите компромиси и да го смените ставот, иако знаете дека сте во право.

Сите навидум се во потрага по силните, самостојните и цврстите жени, но потајно не сакаат жена која ќе им контрира, ќе се спротивставува, ќе си го брани ставот.

Имам чувство дека мажите сакаат жени кои само трепкаат сонливо, се смешкаат милно, подголтнуваат кнедли и молчат или отворено им се воодушевуваат на знаењето и ги воздигнуваат мажите на пиедестал каде што ги изедначуваат со богови.

„Не знам тоа јас, Пеце мој знае најдобро. Да миличок, како што ќе кажеш ти. Ти имаш искуство, не ти се мешам“.

За мир во куќата… кој мир во куќата? За мир во куќата мора да се молчи, за егото на Пеце да не спласне како тесто со бајат квасец, да не се почувствува навреденo, омаловажено или помалку паметен и способен.

Да газиме како на јајца, битно Пецевците на светот да не се почувствуваат како да ја губат доминацијата. Затоа што грев е да си подобра, поспособна, поостроумна - ЖЕНА!

Ги сакам мажите, ги почитувам, особено оние кои ја нудат истата почит и љубов кон нас како спротивен пол. Различни сме, но ниту одблиску не можете да жонглирате со толку обврски како нас жените.

Да сте еден ден во нашата кожа ќе се мрднете од паметот. Да ви прелетуваат стотици мисли низ главата и плански да ги подредувате како да стигнете да направите сè, додека вие полека и опуштено уште сте на првиот (и веројатно единствениот) план во денот.

Бидејќи вистината е, особено во Македонија, дека жената е движечката сила зад сè што се случува. Таа е онаа која неуморно бутка, ги движи работите, ги собира сите, ги смирува сите. Ги мисли сите, планира сè, неуморно, истрајно, од утрото до мракот.

Да не се жените ќе испогинете од смрдливи чорапи, ќе поцркате од глад третиот ден. Да не е жената, ќе се распадне сè, многу лесно, многу брзо.

Па покажете малку почит. Не очекувајте да ви трепкаме, да ви се поклонуваме, да се смешкаме и да си го чуваме мислењето за себе. Особено кога знаете дека сме во право.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Слабиот маж не е способен да сака силна жена Љубовта со силна жена може да биде извонредна, но само за силен маж. Да се биде ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg