Вљуби се во жена која е вљубена во плажата

Вљуби се во жена која ја сака природата. Некоја која ужива да поминува повеќе време надвор, отколку затворена дома. Жена со авантуристички дух која нема да се двоуми доколку треба да скокне во вода и да си ја намокри косата.

vljubi-se-vo-zena-koja-e-vljubena-vo-plazata-01.jpg

Жена која е природна и спонтана. Некоја која нема да се двоуми да го земе само пасошот и најнеопходното доколку треба да се тргне на некоја патувачка авантура.

Вљуби се во жена која истовремено ја знае важноста на опуштањето, жена која умее да го цени моментот наречен тишина и што умее да помине и неколку часа читајќи на плажа, без ниту една грижа за светот околу неа.

Освои го срцето на жената која е созреана и умее навреме и организирано да ги заврши сите работни обврски во текот на неделата, но која е дете во срцето и душата.

Жена која сака да гради замоци од песок, кој ужива да собира школки кои ги исфрлиле морските бранови на брегот. Жена која не се плаши да се извалка и испоти.

vljubi-se-vo-zena-koja-e-vljubena-vo-plazata-03.jpg

Некоја која не се срами да фрла фризби, иако не е премногу успешна во играта. Жена која воодушевено ќе каже на глас дека нечие куче е прекрасно и ќе праша дали може да си поигра со него.

Вљуби се во жена која умее да направи пикник на плажа, во природа, пикник секаде каде што има простор да се намести ќебенце. Некоја која сака да се меша околу скарата без стравот дека ќе се умириса, жена која признава дека вкусот на белиот леб не може да се спореди со оној на црниот, дека виното е подобро од смутито.

Пронајди жена која е доволно силна, смела и има самодоверба да го носи оној костим за капење кој нејзе ѝ се допаѓа. Не монокините за да ги скрие лузните од царскиот рез или целулитот, туку она дводелно бикини, само затоа што така ѝ се сака.

И затоа што не ѝ е гајле што ќе речат или помислат другите околу неа.

vljubi-se-vo-zena-koja-e-vljubena-vo-plazata-02.jpg

Затоа што е полна самодоверба и се чувствува удобно во своето тело. Бидејќи ја знае нејзината вредност и знае колку е навистина прекрасна.

Вљуби се во жена која умее да се забавува каде и да е. Некоја која истовремено умее да сонува со отворени очи, која признава дека ѝ е потребна пауза од сето лудило на светот додека го впива сонцето.

Пронајди жена која ќе се понуди да го намачка и твојот грб на плажата, не само нејзиниот. Некоја која нема да го помине денот штракајќи 100 селфи фотки, туку ќе направи само една, но вредна, фотка на која ќе бидете заедно, бидејќи тоа е она што е најважно.

Жена која не се плаши да се впушти во каква и да било авантура, бидејќи сака да испробува нови нешта.

Вљуби се во жена која го обожава чувството на сончеви зраци кои се впиваат во нејзината кожа и лице. Некоја која го разбира звукот на брановите кои се удираат еден од друг. Која обожава музика и не се плаши да заигра и запее, без страв што ќе кажат другите.

Жена која може со часови да набљудува птици, облачиња на небото или риби кои пливаат во бистрото синило. Некоја која силно е поврзана и ја сака природата. Жена која сака кампување на плажата, некоја со која ќе го дочекаш зајдисонцето и изгрејсонцето следното утро, цврсто во нејзината прегратка.

Пронајди жена која е вљубена во летото и вљуби се во неа, бидејќи тоа ќе стане твоето омилено годишно време…

vljubi-se-vo-zena-koja-e-vljubena-vo-plazata-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg