Мажи, престанете да се гордеете со изјавата: „Не ѝ помагам на жена ми!“

Пред неколку недели ми дојде еден пријател на кафе. Седевме и разговаравме за животот. Во одреден момент, станав и му реков дека ќе ги измијат шолјите и ќе се вратам за минутка.

Ne-i-pomagam-na-zena-mi-01.jpg

Пријателот ме погледна како да сум изговорил нешто толку глупаво, толку непромислено и засрамувачко. Тогаш ми рече со малку надменост и ароганција во гласот: Мило ми е што ѝ помагаш на жена ти. Јас не го правам тоа бидејќи таа не ме цени доволно. Минатата недела го избришав подот и – не, благодарам.

Со шолјите во рака, се вратив да му објаснам дека јас не и „помагам“ на мојата жена. Всушност, на жена ми не ѝ е потребна помош. Нејзе ѝ е потребен партнер. Јас сум нејзиниот партнер во домот, а општеството ни налага извршување на различни функции и задачи, но една од нив не е „помошта“ на мажот во домаќинството.

Не „ѝ помагам“ на жена ми го чистењето на домот, бидејќи и јас живеам во него и сакам да е чист и за мене.

Не „ѝ помагам“ на жена ми во готвењето, бидејќи и јас сакам да јадам и секако дека е потребно и јас да знам да готвам.

Не „ѝ помагам“ на жена ми со садовите после ручекот, бидејќи и јас ги користам тие садови, односно и јас јадам во нив.

Не „ѝ помагам“ на жена ми со децата, бидејќи тие се и мои, односно наши деца, а мојата задача е да им бидам татко.

Не „ѝ помагам“ на жена ми во перењето, диплењето или пеглањето на алиштата, бидејќи во купот има и мои алишта, како и оние на нашите деца.

Не треба да помагам дома, јас сум дел од домаќинството, треба да бидам рамноправен дел од него.

А што се однесува до недоволното ценење, го запрашав пријателот кога последен пат јасно и гласно ја пофалил неговата сопруга дека завршила одлична задача откако ја исчистила куќата, ги испрала алиштата, ги сменила чаршафите, ги избањала децата, зготвила, испазарила итн… Кога сте ѝ рекле БЛАГОДАРАМ?

Ова ви звучи апсурдно, смешно и непотребно? За вас се подразбира дека таа мора да го прави сето ова?

А кога вие, еднаш во 10 години ќе решите да го избришете подот, тогаш очекувате некоја специјална награда, аплауз, стоечки овации? Дали некогаш сте размислиле за ова?

Мачо-културата и шовинизмот сè уште нè убедуваат дека сите работи поврзани со домот ѝ припаѓаат на жената.

Можеби и ти си така воспитан, дека сè дома се средува магично без да мораш да мрднеш со малиот прст? Тогаш заблагодари ѝ се на твојата жена онака како што очекуваш таа да ти се заблагодари тебе.

Преземи го твојот дел од обврските, однесувај се како рамноправен партнер, не како гостин кој само доаѓа да јаде, да спие, да се избања и да си ги задоволи потребите.

Вистинската промена во општеството започнува во нашите домови. Да ги научиме нашите синови и ќерки кое е вистинското значење на зборот партнерство.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg