20 години се смеевме до солзи со нив - Незаборавните скечеви на К-15 што сите ги помниме (видео)

Дали се сеќавате на феноменалното трио К-15, кое долг период беше еден од малкуте извори на позитивна енергија и неверојатен хумор во етерот? Кој ви беше омилен скеч?

mile-panika-tosho-malerot-i-cacko-konopishki-dali-se-sekjavate-na-nashite-k-15-junaci-koi-plasiraa-fenomenalen-humor-rechisi-20-godini-01.jpg

Екипата К-15 беше сочинета од Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров.

Сигурно се сеќавате и на нивните примарни улоги: Миле Паника (Бранко Огњановски), Тошо Малерот (Васко Тодоров) и Цацко Конопишки (Љупчо Бубо Каров).

Нивните почетоци датираат од далечната 1994 година, кога првпат се појавија на нашите мали екрани, со цел преку хумор и сатира да ги анализираат и/или исмејуваат сите актуелни состојби во нашата држава на социо-економски, општествен и политички план.

Во различни периоди беа присутни на различни македонски телевизии, а во периодот 2008-2013 година имаа основано и свој телевизиски канал „К-15“, на кој се емитуваше македонска музика, а помеѓу песните пуштаа нивни скечеви.

Овие наши извонредни шоумени сами го конципираа целиот проект и беа автори на најголемиот дел од содржините - од идеја до реализација.

И стари и млади - сите едвај чекавме нова епизода, нов скеч за да уживаме во бескрајно смеење. Хуморот на К-15 може слободно да се нарече безвременски. Секогаш политички независни, тие буквално најслободно правеа шеги на сметка на сè и на секого.

Нивниот начин на комуникација, дијалектот и сленгот кој го користеа правеше да бидат уште посмешни и позабавни.

Миле Паника зборуваше со српски нагласок и имаше препознатлива говорна маана.

Тошо Малерот беше „скопскиот фраер“ и секогаш зборуваше со карактеристичен скопски сленг.

Цацко Конопишки „цепаше“ кавадаречки дијалект, кој всушност не му беше глума, имајќи предвид дека Љупчо Бубо Каров потекнува од Кавадарци.

И нивните останати улоги нè засмеваа до солзи: Блажо и Ристо имаа фантастични дијалози на дијалект, Зоран брат му на Горан беше одличен во улогата на Албанец, а Тошо беше и кул полицаец.

К-15 имаше и музички перформанс преку нивната група „Дуо Трио“, па така бевме почестени со многу песни и спотови за истите, кои ги знаевме наизуст.

Секоја чест за инспирацијата и иновативноста, апсолутно не се сеќавам на ниту еден неуспешен проект од овој тим, независно дали се работи за скеч, песна или реклама.

Некои од нивните најпознати фрази со големо задоволство ги употребуваме до ден денес (мене омилена ми е „Ин хелоу боди - хелоу гоуст:)“

Погледнете дел од скечевите и од песните на К-15 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Носталгија за едни минати времиња: Се сеќавате ли на легендарната стара ѕидна вага? Колачиња со путер и мармалад, гурабии, пиварки, ежиња... Се сеќавате ли на слатк...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Од Скопје се преселив во Бразил: Китам елка на 37 степени, славам Божиќ на плажа Оваа година китев елка на 37 степени и мојот празничен дух не беше баш расположе...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Антониа Гиговска за CRNOBELO лексикон: „Прв симпатија ми беше наш познат пејач“ „Дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто ...
Детска искрена радост: Новогодишно пакетче под елката и Коледе со другарчињата од маало Кога јас бев дете, тоа коледарско утро не знаевме што е студ. Имавме само една м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg