10 кратки цитати од Далај Лама за љубовта и сочувството, што ќе ви го разубават денот

Постојат само два дена во годината кога не можете да направите ништо. Првиот се вика ‘вчера’ и вториот се вика ‘утре’ – стои во еден од цитатите на тибетанскиот духовен водич Далај Лама.

10-kratki-citati-od-dalaj-lama-za-ljubovta-i-sochuvstvoto-shto-kje-vi-go-razubavat-denot-01.jpg

Едноставните и кратки цитати на Далај Лама се вистинска духовна ризница за човештвото.

Иако, многумина веруваат дека голем број работи во нашиот живот се надвор од нашата контрола, тибетанскиот мудрец верува дека многу други работи самите можеме да ги контролираме, само потребна ни е мотивација.

Ние самите сме креатори на сопствената судбина и среќа, но и на односот и комуникацијата што ја имаме со другите луѓе.

10-kratki-citati-od-dalaj-lama-za-ljubovta-i-sochuvstvoto-shto-kje-vi-go-razubavat-denot-02.jpg

Во таа насока, ви пренесуваме 10 кратки цитати од Далај Лама што веднаш ќе направат и овој ден да ви биде поубав:

1. На оние што ги сакате дајте им крилја за да летаат, корења за пак да се вратат и причини за да останат;

2. Колку повеќе сте мотивирани од љубовта, толку побестрашни и послободни ќе бидат вашите дејствија;

3. Љубовта е отсуство на осуда;

4. Ние можеме да живееме без религија и медитација, но не можеме да преживееме без човечка наклонетост;

5. Љубовта и сочувството се неопходност, а не луксуз. Без нив, човештвото нема да опстане;

10-kratki-citati-od-dalaj-lama-za-ljubovta-i-sochuvstvoto-shto-kje-vi-go-razubavat-denot-03_copy.jpg

6. За мене љубовта и сочувството се вистински религии. Но, за да се развијат, треба да веруваме во која било религија;

7. Постојат само два дена во годината кога не можете да направите ништо. Првиот се вика ‘вчера’ и вториот се вика ‘утре’. Денес е вистинскиот ден да сакате, да верувате, да правите, а најмногу од сѐ – да живеете.

8. Еднаш кога умот ќе ви биде спокоен и полн со љубов, немате простор за омраза или страв. Другите ќе ви веруваат затоа што имате отворено срце;

9. Запомнете дека најдобрите врски се оние во кои вашата љубов еден кон друг ја надминува потребата што ја имате еден за друг;

10. Ако не се сакате себеси, не можете да ги сакате ниту другите. Нема да бидете во можност да ги сакате другите. Ако немате сочувство за себеси, тогаш не сте во можност да изградите сочуство ниту кон другите.

Прочитајте и 15 животни лекции на Далај Лама за вистинските вредности

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...
Цитати кои ќе ви ја смират анксиозноста и ќе ви помогнат да се ослободите од грижите „Ви ветувам дека ништо не е хаотично како што ви изгледа. Ништо не е толку вредн...
10 цитати за бракот (што ќе ве натераат да верувате во вистинска љубов) „Кога некој ве сака силно, тоа ви дава сила, но кога сакате некого силно, стекну...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg