„Универзалната вистина“ на Мерилин Монро

„Твојот живот е она што сам ќе направиш да биде. Некогаш ќе го упропастиш – тоа е универзална вистина. Но, добрата страна е што секогаш сам одлучуваш како ќе го упропастиш.

univerzalnata-vistina-na-merilin-monro-1

Девојките можат да ти бидат пријателки – на крајот од краиштата тие сите така се однесуваат, пријателски, зар не?

Запомни! Некои од нив доаѓаат, други си одат. Оние кои ќе го поминат со тебе она најтешкото – немој никогаш да ги пуштиш да си одат!

Што се однесува до љубовниците... и тие доаѓаат и си одат. Мразам што морам ова да го кажам, но повеќето од нив ќе те остават и ќе ти го скршат срцето, но не смееш да се откажеш... Ако се откажеш никогаш нема да ја најдеш сродната душа. Никогаш нема да ја имаш својата друга половина која ќе те направи целосен и тоа важи за сите. Само затоа што еднаш не си успеал, не значи дека никогаш нема да успееш. Обидувај се, држи се и секогаш, ама баш секогаш верувај во себе, зашто ако ти не веруваш, тогаш кој да верува?

Значи, главата горе! И најважно од сè – смеј се! Животот е преубава работа и нуди толку многу причини за насмевки!“

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg