15 зачудувачки факти за Coca-Cola

Coca-Cola-та е насекаде! Овој легендарен американски бренд е познат насекаде во светот и продаван е во над 200 земји. Постојат и илјадници други пијалаци кои сигурно не сте знаеле дека се сопственост на овој бренд.

15-zacuduvacki-fakti-za-coca-cola-01

Што уште не знаете за Coca-Cola?

1. 3,1 % од сите пијалаци консумирани насекаде низ светот се Coca-Cola производи.

2. Coca-Cola има толку многу различни пијалаци, што ако пиете по еден различен секој ден, ќе ви требаат повеќе од 9 години за да ги пробате сите.

3. Приходот на Coca-Cola од 41.01 милијарда долари, ја прави 84-та најголема економија во светот која се наоѓа пред Костарика.

4. Coca-Cola брендот е проценет на вредност од 74 милијарди долари – повеќе од Pepsi, Starbucks и Red Bull заедно.

15-zacuduvacki-fakti-za-coca-cola-02

5. И покрај тоа што минатата година продажбата на Coca-Cola беше за 38% помала од Pepsi, овој бренд генерираше двојно повеќе приходи – 28 милијарди наспроти 12 милијарди долари.

6. Ако секоја капка Coca-Cola некогаш произведена е ставена во стаклени шишиња од 250 ml, кои се поставени едно над друго, тогаш тие ќе достигнеа до Месечината и назад над 2000 пати.

7. Ако ги наредите сите машини за Coca-Cola кои постојат низ светот една до друга, тие заземаат нешто повеќе од 4 милиони кубни метри, поточно колку четири „Емпајр Стејт“ згради.

8. Црвено-белото лого е препознатливо за 94% од популацијата на земјата.

15-zacuduvacki-fakti-za-coca-cola-03

9. Постојат 33 безалкохолни брендови кои генерираат по околу 1 милијарда долари годишно. Coca-Cola поседува 15 од нив.

10. Насекаде низ светот просечна личност консумира Coca-Cola продукт секој четврти ден.

11. Coca-Cola троши повеќе пари на реклами од Microsoft и Apple заедно.

12. Американците внесуваат по околу 1,7 милиони тони шеќер годишно или по речиси 5 килограми по човек, и тоа само од Coca-Cola.

15-zacuduvacki-fakti-za-coca-cola-04

13. Просечниот Мексиканец пие повеќе Coca-Cola пијалаци од Американците, Британците, Индијците и Кинезите комбинирано.

14. Coca-Cola користи 300.000 тони алуминиум за лименки секоја година, што е 17,4% од производството на алуминиум во САД.

15. Coca-Cola поседува околу 1.000 различни видови на густи, негазирани сокови кои се продаваат на Американскиот пазар.

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg