Афоризми од Душко Радовиќ: Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат ништо

Познатиот српски поет, писател, новинар и афористичар, Душан Душко Радовиќ споделил многу интересни мудрости за среќата, знаењето, децата, родителите, верувањата и уште многу теми кои се дел од животот.

aforizmi-od-dusko-radovik-naseto-malku-moze-da-bide-mnogu-za-onie-koi-nemaat-nisto-01

Сето тоа го пренесува на оригинален, саркастичен начин кој ќе ве забавува, а може и многу да научите.

Свет

Пред да сакате да го поправите светот, поправете си ја чешмата во домот. Светот би бил посреќен и поубав кога секој би знаел да си ја поправи барем чешмата или расипаните заби.

Еколошки афоризам

Зошто уличните корпи за отпадоци не се подигнати на висина на кошаркарските обрачи? Бидејќи тоа би било провокација на која ниеден кошаркар нема да ѝ одолее. Кошевите би биле полни, а градот чист.

Родителство

Коментар на татко за време на родителски состанок во училиште: „Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум јас“.

Среќа

Пред да тргнете да ја барате среќата, проверете – можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична, незабележителна и многумина не успеваат да ја видат.

Знаење

За разлика од докторите на науки, селаните имаат повеќе знаење, отколку пракса.

Стомак

Вложувајте во стомакот. Тоа вложување дава брзи и видливи резултати. Вложувањето во главата е долгорочно и неизвесно.

Атеизам

Атеистите не мора да бидат чесни. Нема Бог кој е надлежен за нив.

Деца

Тепајте ги децата, штом забележите дека почнуваат да личат на вас.

Тешко е да се биде дете и да се биде добар.

Ако ги решите сите проблеми на вашите деца, нема да имаат друг проблем освен вас.

Храброст

Храбрите мажи трескаат врати кога доаѓаат дома, а кукавиците само кога си одат од дома.

Богатство

Нашето малку може да биде многу за оние кои немаат ништо.

Само сиромашните знаат дека има и посиромашни од нив. Богатите ги гледаат само побогатите од нив.

Живот

Деца, може да замислите каков е животот кога од колевка до гроб е најубавото време.

Фудбал

Фудбалот обединува две врсти мажи: Оние кои немаат девојки и оние кои имаат жени.

Чесност

Кога крадците ќе почнуваат да го бранат она што го стекнале, нема да има почовечни борци за чесност кои ќе бидат против крадците.

Мака

Добра е секоја мака која нѐ поврзува, а лошо е секое добро кое нѐ разделува.

Човек

Дали луѓето може да бидат подобри? Би можеле, но никој не сака да почне прв. Сите имаат лоши искуства. Колку пати сме се колнеле дека ќе бидеме подобри? Некои навистина стануваат подобри, па излегуваат наивни. Бидејќи оние другите станале уште полоши.

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg