Ментално аикидо: Како да победите во кавга, без борба?

Конфликтите се нешто со кое секојдневно се соочуваме. Честопати работите знаат да излезат од контрола и некој, навидум бесмислен конфликт, да се претвори во огромна кавга.

Mentalno-aikido-kako-da-pobedite-bez-borba-01

Следните техники, познати како „ментално аикидо“ ќе ви помогнат многу полесно и поедноставно да ги решите проблемите, без притоа да создадете кавга.

1. Ако премногу настојувате на борба, тогаш станувате тоа против кое се борите. Преголемата моќност често води кон спротивен резултат.

2. Научете да бидете водени, за да можете да водите.

3. Личноста која ви вика е во афективна состојба, што значи дека свесноста ѝ е на многу ниско ниво. Бесмислено е да се обидувате да разговарате со личност, чиј ум е „исклучен“. Тоа е исто како да се обидувате да разговарате со некој кој спие.

4. Викањето на некој кој вам ви се развикал е исто како да удирате со весло по личност која се дави. Тој или таа и без тоа се дави – во сопствениот бес. Затоа држете се настрана и не им помагајте во лошата постапка.

5. Што правиме кога се чувствуваме лошо? Обвинуваме, викаме и плачеме. Токму затоа, кога некој ни вика треба да имаме на ум дека тој или таа се чувствува лошо.

6. Како да натерате некого да престане да вика? Останете тивки и смирени. Не обрнувајте внимание на нивните зборови, тоа е само нивниот бес и немоќ. Само повторувајте си: „Остани смирен/а. Го можеш ти тоа“.

Тишината има ефект на ладна вода. Додека вашиот соговорник вика, вие само внимателно гледајте во него и слушајте. Дозволете им да ги истурат бесот и да „оладат“.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg