8 мистериозни факти за Агата Кристи

Со повеќе од 2 милијарди копии продадени од нејзините приказни, британската авторка Агата Кристи била многу успешна во држењето на вниманието со часови на нејзините читатели. Всушност неколку мистерии од нејзиниот приватен живот, вклучувајќи и исчезнување во 1920-тите, дефинитивно помогнале во нејзините фиктивни приказни.

8 misteriozni fakti za agata kristi 1

По новата хит филмска адаптација „The murder on the Orient Express“, книгите на Агата Кристи повторно ја доживуваат својата слава.

Еве неколку детали од животот на еден од најпознатите крими автори во историјата:

1. Нејзината мајка не сакала таа да научи да чита

Пред нејзините романи да почнат да се продаваат во вртоглави броеви, таа живеелa во опасност да остане неписмена. Нејзината мајка била навистина против таа да започне да учи да чита до нејзината осма година.

Таа инсистирала Кристи да не оди на училиште и самата ја учела дома лимитиран материјал до нејзината 15 година, кога по иницијатива на проширеното семејство Агата била испратена да го продолжи учењето во Париз.

2. Нејзиниот прв роман бил напишан поради предизвик

Адолесцентите во тој период го поминувале слободното време читајќи или пишувајќи книги. Така, Меџ, нејзината сестра, ја предизвикала на Кристи да напише роман.

Таа го прифатила предизвикот и напишала мистерија за човек кој ги користи своите детективски способности за да разоткрие случај на труење со отров. Романот бил одбиен од 6 издавачки куќи, пред конечно да биде испечатен во 1920-тите.

3. Херкул Поаро бил базиран на вистинска личност

Детективот со џентлменски пристап кон решавање на детективските задачи, е еден од најпознатите карактери од книгите на Агата Кристи. Таа била инспирирана да го создаде ликот кога еднаш здогледала како некој Белгиец се симнува од автобус во раните 1910-ти.

Тој изгледал чудно, имал интересен стил и став па и го привлекол вниманието на познатата авторка.

4. Таа еднаш исчезнала 10 дена

Во 1926 година, Кристи која веќе имала голем број на следбеници и фанови, си заминала од својот дом во Лондон без трага. Тоа изгледало како почеток на една хорор приказна, посебно поради фактот дека нејзиниот сопруг Арчи само некое време пред исчезнувањето ѝ кажал дека е вљубен во друга жена и дека сака развод.

Но, мистеријата брзо се решила и се открило дека авторката едноставно сакала да помине неколку дена во СПА надвор од градот за да си ги среди мислите од бракот кој ѝ се распаѓал.

Нејзиното семејство пак велело дека таа страдала од амнезија и дека не се сеќавала каде ги поминала тие 10 дена, што веројатно било само обичен трик за публицитет.

8 misteriozni fakti za agata kristi 3

5. Таа воопшто не сакала насилство

Иако убиствата се главниот предмет во сите нејзини книги, таа сакала карактерите да ги убива на поедноставен начин. Таа затоа го искористила нејзиното фармацевтско знаење за да најде не толку болен начин на умирање на ликовите во нејзините книги. Многу ретко некои од ликовите всушност носеле пиштол или друг вид на оружје.

6. Има напишано 6 романтични романи

Не сите дела на Кристи се со убиства. Таа почнувајќи од 1930 до 1956 година напишала 6 романтични романи под псевдонимот Мери Вестмакот.

7. Не можела да се навикне на пушење цигари

Иако денес пушењето се смета за лоша навика, многу одамна било навистина невообичаено ако некој не пушел цигари.

Некое време по завршувањето на првата светска војна, Кристи кажала дека е разочарана затоа што никако не може да се навикне да пуши цигари иако премногу се трудела.

8. Можете да го изнајмите нејзиниот дом

Ако сакате да живеете во домот на Агата Кристи, нејзиниот дом е во Девоншир, Англија и е достапен за изнајмување. Куќата се изнајмува за 500 долари од вечер и многу од приватните предмети на авторката сѐ уште стојат во домот.

8 misteriozni fakti za agata kristi 2

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg