Интересни факти за KFC

KFC рестораните може да се најдат во 130 земји во светот, а ако ги соберете сите производи од сите менија во земјите, ќе добиете бројка од преку 300 различни рецепти.

interesni-fakti-za-kfc-001.jpg

Од каде потекнува слоганот, кој ги смислил практичните кофички, каде KFC пилешкото е празнична традиција?

Интересни факти кои досега не сте ги знаеле:

Дали кофичките постојат откако постои и пилешкото?

Кофичките не биле отсекогаш препознатливи за KFC рестораните.

Всушност, тие не постоеле сè до 1957-ма година, речиси 27 години по отворањето на оригиналниот ресторан. Дотогаш, можело да купите само поединечно парче месо.

Кофичката била измислена од една од франшизите на KFC и тогаш содржела 14 парчиња пилешко.

interesni-fakti-za-kfc-04.jpg

Како зачините се чуваат во тајност?

За да се сочува оригиналниот рецепт како тајна, две различни компании мешаат по половина од зачините за пилешкото.

И само две лица во целиот свет го знаат точниот микс на зачините.

interesni-fakti-za-kfc-07.jpg

Како настанал слоганот?

Слоганот настанал кога менаџерот на франшизата KFC во Јута добил прашање од муштерија, зошто во рекламата има „грозен“ момент каде актерот си ги лиже прстите додека јаде.

Менаџерот едноставно одговорил, несвесно создавајќи го слоганот - it's finger-lickin' good!

interesni-fakti-za-kfc-08.jpg

Но, тежок е за превод...

Слоганот во Кина гласи „изедете си ги прстите,“ поради неможноста да се преведе поинаку, а да ја зачува оригиналноста.

interesni-fakti-za-kfc-06.jpg

Јадењето KFC пилешко е божиќна традиција во Јапонија

„Kurisumasu ni wa kentakkii“ или во превод „Кентаки за Божиќ“ е успешна маркетинг кампања од 1974-та година која до ден денес прераснала во традиција.

До ден денес во Јапонија за Божиќ се јаде пилешко од KFC.

interesni-fakti-za-kfc-03.jpg

interesni-fakti-za-kfc-01.jpg

Колку KFC производи постојат?

Во светот постојат преку 300 различни KFC рецепти кои се служат во одредени делови и земји.

KFC го измислија и првиот бургер без лепчиња, како првоаприлска шега, но Double Down останал на менито поради големата побарувачка.

interesni-fakti-za-kfc-05.jpg

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg