„Немој да бидеш магионичар – биди магија“ - животни лекции од Леонард Коен

„Не се самоубив кога тргна сè кон лошо. Не ѝ се препуштив на дрогата, ниту на медитацијата. Се обидов да заспијам, но бидејќи не можев, пробав да пишувам. Пробував да напишам нешто што во ноќите како оваа би можел да го чита некој човек како што сум јас“.

Zivotni-lekcii-od-Leonard-Koen-01.jpg

Вака пишуваше Леонард Коен. На овој начин ги чувствуваше емоциите, зборуваше и пееше. И тоа е она што го направи легенда.

На 7 ноември 2016 година Леонард Коен заспа засекогаш. Но неговите зборови останаа да живеат во песните и мислите, како еден вид на упатство за животот и разбирање на светот.

Прочитајте дел од нив, можеби ќе се пронајдете во некој од неговите најубави цитати:

„Во сè ќе најдете пукнатини. На овој начин влегува светлината“.

„Однесувајте се како личноста каква што сакате да бидете и наскоро ќе станете таква“.

„Јас не се сметам себеси за песимист. За песимистот размислувам како за некој што го чека дождот. Јас се чувствувам како да сум мокар до гола кожа“.

„Aко не станеш океан, секој ден ќе патиш од морска болест“.

„Реалноста е една од можностите кои не можам да ги игнорирам“.

„Немој да бидеш магионичар – биди магија“.

„Како да започнам што било ново, со сето она што го носам во себе од вчера?“

„Поезијата е само доказ за живот. Доколку вашиот живот горел добро, поезијата е само пепел“.

„Во љубов сме создадени. Во љубов и исчезнуваме“.

„Грди сме, но ја имаме музиката“.

„Не си навлекувај нечија тајна доколку не умееш за да зачуваш“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg