„Човекот кој поцрвенува не може да има црно срце“ - 15 будистички зен совети за просветлување и внатрешна хармонија

Зен будизмот нè учи да бидеме внимателни, трпеливи и секогаш сконцентрирани на она што се случува во сегашниот миг. Ова за многумина е многу тешко. 

15-budisticki-zen-soveti-01.jpg

Постојано размислуваме за иднината или пак сме заглавени во минатото кое одамна треба да биде оставено зад нас.

Зен будизмот не е во потрага по смислата на животот. Тој едноставно дава одговор на важните животни прашања и ни помага да се соочиме и полесно на ги надминеме проблемите на секојдневието.

Овие 15 будистички зен совети ќе ви влеат доволно мудрост и храброст да ја победите непријатноста на моментот:

 1. Доколку немате да понудите ништо подобро од тишината, тогаш не зборувајте.

 2. Колибата исполнета со смеа е многу побогата од палатата полна тага.

 3. Целта во животот е да се умре млад што е можно подоцна.

 4. Што и да се случи, ќе се случи навреме.

 5. Оној кој ги истакнува вашите мани, не мора да значи дека ви е непријател. Оној кој зборува за вашите доблести, не мора да значи дека ви е пријател.

 6. Човекот кој поцрвенува не може да има црно срце.

 7. Домот е таму каде што вашите мисли го наоѓаат мирот.

 8. Немојте да се плашите доколку не знаете нешто. Плашете се доколку не научите ништо.

 9. Подобро е да бидете вистински човек 1 ден, отколку да бидете нечија сенка 1000 денови.

10. Доколку сте направиле грешка, најдобро е да ѝ се насмеете.

11. Не постои пријател без маани. Но, доколку постојано ги барате нивните маани, ќе останете без пријатели.

12. Добриот учител ја отвора вратата, но морате самите да влезете во просторијата.

13. Првиот најдобар момент да се посади дрво поминал пред 20 години. Вториот најдобар момент е денес.

14. Човекот кој ја поместил планината е истиот којшто започнал со поместувањето на најмалите камења.

15. Ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека сте го одбрале погрешниот пат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg