„Фармерките се диктатор, тие мора да се запрат!“ - Цитати на модната легенда Пјер Карден кој почина на 98 години

Пјер Карден, легендарниот моден креатор, почина на 98-годишна возраст во болница во близина на Париз, на 29 декември. Во соопштението за неговата смрт, семејството на Карден изјавило: „Сите ние сме горди на неговата силна амбициозност и смелоста која ја покажа низ неговиот живот“.

Citati-Pjer-Karden-01.jpg

Неговата дизајнерска визија започнала со т.н. „балон фустанот“ (bubble dress), кој го креирал во 1954 година.

Со текот на годините, Карден го насочи брендот кон парфеми и козметика, а се здоби и со низа критики поради фактот што одлучи неговото име да се „прилепува“ на најразлични производи.

Тоа се најде на многу модни додатоци, но и неочекувани предмети како на пример пенкала за пишување. Сепак, ова ја изгради неговата моќна империја со неверојатен финансиски пораст.

Карден останува синоним за силна дизајнерска визија, храброст, имагинација и специфичен стил. Ова се неговите најпознати цитати:

Фустанот е вазна која телото ја следи. Мојата облека е како модули во кои се движат телата.

Кога ќе завршам многу добро некоја работа, ќе започнам друга. Не сакам да застанувам. Сакам постојано да се докажувам.

Модниот дизајн е толку разновиден. Нема јасни идентитети како порано со Баленсијага, Шанел, Кардин, Куреж. Дизајнот треба да се препознае без етикета. Само елеганцијата не е доволна.

Соблекуваме мажи и жени, не ги облекуваме повеќе.

Моите стари винтиџ дизајни се толку популарни денес. Сигурно сум бил на некакви дроги.

Можам да го пропатувам целиот свет со само 3 комбинации: син блејзер и сиви панталони од фланел, сив фланелен костум и црна вратоврска.

Јас имам име, мора да го искористам.

Се мијам со сопствен сапун, носам свој парфем, легнувам на мои чаршафи, имам свои прехранбени производи. Јас живеам од мене.

Фармерките! Фармерките се уништувачот. Тие се диктатор! Ја уништуваат креативноста! Фармерките мора да се запрат!

Моето име е поважно од мене.

Не верувам дека некогаш имало толку важно име како Пјер Карден во општата историја на модата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Проклетството на Џон Рокфелер: Еден негов внук го изеле човекојадци, а друга внука си ги убила ќерки... Нивното презиме е синоним за богатство и се смета дека основачот на империјата б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg