Потстрижувањето не го забрзува растот и уште 6 забавни факти за косата што сигурно не ги знаевте

Едно влакно од нашата коса може да издржи тежина од околу 99 грама. 100.000 влакна, пак, колку што има просечен човек, би можеле да издржат и до 10 тони.

sostavena-e-od-mrtvi-kletki-i-ushte-6-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-01.jpg

И покрај тоа што посветуваме многу внимание во негата на косата, речиси никогаш не се прашуваме од што е направена, од што зависи нејзината густина или колку е издржлива.

Во продолжение неколку забавни факти за косатa што веројатно не сте ги знаеле досега:

Густината на косата можеби зависи од нејзината природна боја

Вo просек, луѓето имаат околу 100.000 фоликули на главата. Ова значи дека на нивната глава можат да пораснат околу 100.000 влакна.

Колку повеќе фоликули има на главата, толку косата е погуста, а се претпоставува дека можеби постои некаква поврзаност помеѓу природната боја на косата и бројот на овие фоликули.

На пример, луѓето со кафеава или руса коса имаат поголеми шанси да имаат погуста коса од сите останати. Луѓето со црна коса се наоѓаат на второто место, додека луѓето со природна црвена коса обично имаат најмалку фоликули.

Секако, ова не важи за сите луѓе и потребни се дополнителни истражувања, но сепак е возможно бојата на косата да го одредува бројот на фоликули, односно густината на косата.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-02.jpg

Потстрижувањето не го забрзува растот на косата

Со потстрижувањето косата ќе изгледа погуста и поздрава, но нема да расте побрзо.

Сепак, вам може да ви се чини дека косата ви расте побрзо од едноставна причина – кога ќе ги отстраните испуканите врвови на влакната, должината на косата станува поочигледна.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-03.jpg

Луѓето најчесто се раѓаат со црна или темнокафеава коса

Најголемиот дел од луѓето на планетата имаат црна или темнокафеава коса – од 75% до 84%.

Околу 11% од луѓето се раѓаат со посветла кафеава коса, а околу 3% – со руса коса.

Само околу 2% од населението на земјата има природна црвена коса.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-04.jpg

Нашата коса е многу издржлива

Едно влакно од нашата коса може да издржи тежина од околу 99 грама.

100.000 влакна, колку што има една просечна личност, би можеле да издржат и до 10 тони.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-05.jpg

Косата е составена од мртви клетки

Косата, но и сите влакна на нашето тело, се всушност мртви клетки.

Корените на влакната се формираат под површината на кожата во фоликулите. Како што влакното продолжува да расте, тоа излегува од фоликулата и се појавува над кожата.

А, штом ќе се појави над површината на кожата, клетките во влакното повеќе не се живи. Токму поради ова не чувствуваме болка кога ја потстрижуваме косата.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-06.jpg

Косата расте околу еден сантиметар месечно

Брзината со којашто расте косата варира и може да зависи од разни фактори како здравствена состојба, исхрана или нега на косата.

Сепак, во просек, нашата коса расте околу еден сантиметар месечно, односно 12-тина сантиметри годишно.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-07.jpg

Нема доказ дека косата расте побрзо во лето

Постои верување дека во летните месеци нашата коса расте побрзо, но наводно нема доказ што го потврдува ова.

Поголемата изложеност на сонце и почестото пиење вода можеби имаат некакво влијание, но тоа е минимално и безначајно.

Покрај тоа, бидејќи во лето косата осветлува од сонцето, тоа може да создаде илузија дека во лето расте побрзо.

mozhe-da-izdrzhi-tezhina-od-10-toni-zabavni-fakti-za-kosata-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg